Naslovna Vesti Пратеникот Костовски: Уште вечерва под итно, обвинители да му заѕвонат на “фраерот-Латас”

Пратеникот Костовски: Уште вечерва под итно, обвинители да му заѕвонат на “фраерот-Латас”

Бура од реакции денес, по изјавата на новинарот Драган Павловиќ Латас, кој во интервју кај јутуберот Лазаров, раскажуваше за случки од младоста.

Латас денес, го даде својот кломентар под статусот на Хелсиншки комитет:

„Поштовани соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои.

Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сегасте во истиот фазон.

Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за си лување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола.

Кој сака тоа може да го види на самото видео.

Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хрлсиншкикомотет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа.

Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два…

Ако некој солува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува.“

Се огласи и инфлуенсерката Миа Костова, која кажа дека била прозивана да даде свој коментар:

„Она што го содржат тие неколку секунди од интервјуто е во најмала рака морничаво.

Не знам зошто се бара мое мислење во последниве половина час, имено, како и вчера така и денес ќе повторам дека секогаш ќе бидам на страната на она што сметам дека е исправно.

Па така, немам никаква врска со поткастот ниту со Лазаров, сум го поддржала кога сум сметала дека така треба.

По милионити пат одговорно тврдам дека кога се потсмевал било кому, на мој профил не бил споделен. Никогаш. Ниту во случајот со Французите. Ниту ќе биде.

Ова во неговиот поткаст со Латас подложи на истиот закон на кој подложи и нападот на семејството од Франција и искрено се надевам дека измените на законот конечно ќе вродат со плод секаде каде што е потребно…“,  напиша меѓудругото во статусот Костова.

Најконкретен во осудите, беше пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Еве што тој порача вечерва на својот профил на социјалните мрежи:

„Основното јавно обвинителство мора да ја оправда целта на своето постоење, нема изговор има еклатантна изјава-доказ!

Уште вечерва под итно да му заѕвонат на “фраерот-Латас”и фино да си дадат налог за негово апсење, па во затворот нека се смее и фали како си -лувал девојче.

Па може да признае и колку девојки и жени можеби имале изнуди во Македонија кога оваа “дно од човек” се смееше и јавуваше со муабетот “ало, началниче”

Пример за борба против оваа хипокризија и деструкција во општеството ќе биде можеби доволно едно (решение за притвор), за почеток.

Значи почитувано,обвинителство зависи од вас и од никој друг, тоа е минимум што може да сторите-едноставно морате.“