Naslovna Zivot Погледнете каква убавица се смее до Миро Кацаров, станува збор за наша...

Погледнете каква убавица се смее до Миро Кацаров, станува збор за наша позната манекенка (ФОТО)

Нашиот познат ТВ воител, Миро Кацаров до пред две години беше заштитно лице на „Бекстејџ“, и зад него се многу интервјуа, прилози, концерти кај нас и во странство.

Потоа, Кацаров објави интересна вест која ги изненади неговите пријатели и фанови. Имено, тој веќе нема да биде дел од „Бекстејџ“, а во статсуот напиша детали за неговиот трансфер.

– Поминаа повеќе од 7 години взаемна соработка почит и разбирање.

Преку стотици итервјуа со најголемите имиња од регионот, илјадници минути го водев најгледаниот естраден магазин, мењав партнерки, мењав телевизиски куќи, мењав студиа. Три Златни бубамари уше толку пати бренд на годината.

Но, дојде време за промена, а кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа ондак ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.

Backstage Macedonia ти благодарам за се што направи за мене и што ме трпеше сите овие години, се надевам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав и остаив траен белег.

Моја нова телевизиска куќа ќе биде најгледаната во Македонија или Канал 5 Телевизија. Драги пријатели сакам да ве известам дека се гледаме со нова емисија во ново студио со нова екипа и во нов термин.

До тогаш сакам да бидам искрен со вас и сум убеден дека го направив вистинскиот чекор кој ќе ми донесе нов предизвик, нова димензија, нови моменти и нов почеток во животот“, објави водителот.

Но, Мирослав во свој стил на Фејсбук повторно изненади.

Објави слика со Ведрана Ѓорѓевиќ, една од нашите најпопуларни водителки, но и најзгодни манекенки.

Миро ја замени своја колешка Миа со која водеше Бекстејџ со Ведрана, со која до скоро ја водеше емисијата Голден карпет.

По три сезони како водителка на шоуто „Голден карпет“, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ си заминува од шоуто кое се емитува на ТВ Канал 5.

Мирослав Кацаров останува домаќин на емисијата, и вели дека секоја недела, со него ќе има различна водителка“, објави Женски магаизн минатиот месец.

Тоа ќе бидат познати и успешни жени од разни области: пејачки, водителки, манекенки, спортистки, ни најави Кацаров.

– Ведрана си замина своеволно, немавме никакви несогласувања или кавги, таа едноставно така реши и јас тоа го почитувам“, изјави Кацаров.

– Слушнав некои чаршиски муабети, дека со Миро сме скарани, но тоа не е точно. Причината поради којашто си заминав е друга, финансиски не бев задоовлна од од проектот, затоа решив да си заминам. Со Миро останувам во пријателски односи“, рекла Ведрана.

Сега, друга згодна водителка се сликаше насмеана покрај Миро, а станува збор за нашата позната поранешна манекенка, која сега работи како наставник, а тоа е Маја Глигоровска.

– Во недела на 26.02.2023 год. јас сум вашата домаќинка на тв магазинот ,,Голден Карпет’’ на Канал 5 ТВ. Се гледаме во 19:30 часот“, стои во опсиот на оваа објава.