Naslovna Zivot Миленко ѝ честиташе роденден на ќерката – Бона полни 31 година и...

Миленко ѝ честиташе роденден на ќерката – Бона полни 31 година и живее на Флорида (ФОТО)

Миленко Неделковски е еден од најпознатите новинари во Македонија, со години наназад.

Во минатото беше познат коментатор во македонската телевизија, препознатлив по коментирањето на Формула 1, човек кој можеби најмногу го познаваше овој спорт и можеби единствениот новинар од Балканот, кој успеа да направи интервју со легендарниот Ајртон Сена.

Миленко Неделковски, со години наназад ја бранува јавноста со своите проекти, емисии кои излегуваат од стандардното клише и откриваат информација плус, како што би рекол Миленко, нешто што само јас го имам, а другите препишуваат од мене.

И покрај својата возраст, Миленко е еден од ретките кај нас, кој успешно се вклопува во новото време.

Па така, последниве години, тој своите проекти ги реализирана Јутубе, наместо на класичниот начин, телевизијата, која полека но сигурно, оди во историјата. Барем таква каква што ја знаевме, со гломазни редакции и администрации.

Миленко освен својата редовна емисија, каде со години разработува политички теми, од лани почна со таканаречениот „Винтиџ“.

Куси видеа во кои раскажува случки од минатото. Многумина велат дека со нетрпение чекаат да дојде понеделник и да слушнат нова епизода од животните случки на Миленко, било да раскажува за неговата судиска, новинарска кариера, или неговиот престој во Америка.

Во една прилика, Миленко Неделковски раскажа како во далечната 1987 година, тазе оженет, со сопругата отишле во Канада, кај роднини на неговата тогашна сопруга.

-Бевме млад брачен пар, се уште немавме деца. Јас бев на почетокот од мојата новинарска кариера, кога одлучивме да одиме во Канада и да се обидеме, можеби и да останеме таму да живееме, раскажува Миленко.

Роднините на сопругата ми најдоа работа, бидејќи не се седеше така два месеци, додека размислувавме дали да отпочнеме процедура за емиграција, која не се случи.

Ми најдоа работа во перална за коли и добри месец и кусур тоа го работев. еве, не се срамам да кажам дека сум работел аргатска работа, перач на коли.

Работното време беше 9 часа, кое вклучуваше паузи за ужина и ручек, вкупно еден час, кој секако се одработуваше. Плус 1 час во правец патување, значи 11 часа вон дома, вели Миленко.

Типот (бакшижот), беше ситни пари кои со правосмукалката ги собираше од колите. Потоа, на крајот од работното време се чистеа правосмукалките и се бараа ситни парички (по 25 центи), кои ги делевме ние вработените меѓу себе.

Дневницата беше 50 долари, добри пари во тоа време.

Сепак, не се пронајдов во тој живот, бидејќи јас во Македонија веќе имав достоинствено работно место, но и имот, кој во Канада не би можел да го стекнам ниту со 30 години работа, па така се вративме, рече Миленко Неделковски.

Кога сме веќе кај северноамериканскиот континент, Неделковски многупати има раскажувано за неговите патувања во Америка, па дури и живеењето таму.

Имено, неговата сопруга Мила, во деведесеттите години, добила студиски престој во Флорида, САД, па сите заедно, со децата се преселиле преку океанот.

Успеале да купат и куќа, а Миленко во многу од своите емисии, раскажува за прошетките по Америка.

Сепак, по некои животни премрежја, нивниот брак се распаѓа, а Миленко одлучува да се врати во Македонија. Сопругата со децата, останале да живеат на Флорида.

Денес, неговите деца се возрасни луѓе, со кои Миленко Неделковски се гордее.

-Моите деца, многу млади, одлучија да го почнат својот пат сами, без помош од мама или тато, нешто што е вообичаено кај нас. Денес, двајцата се во брак, семејни луѓе, за што сум посебно горд.

Миленко повеќе пати има кажано, дека неговата ќерка е успешна во бизнисот. Таа, како што може да се види и на нејзиниот профил на социјалните мрежи, е агент за недвижнини.

Оваа професија е особено популарна во Америка, бидејќи во минатите неколку години, во САД се случуваше своевиден бум со недвижнините (купопродажба на куќи), поради ниските каматни стапки, кои минатата година се кренаа.

Па така, се случуваше да има наддавања на почетната цена на куќите.

Ова особено важи за Флорида, сончевиот стејт во САД, каде во изминатите две години, дневно, по 1000 луѓе во просек се доселуваат од другите американски држави.

Регионот каде што живее и работи како „риалтур“ ќерката на Миленко Неделковски, е еден од најубавите на Флорида, но и општо во Америка. Се работи за западна Флорида, Тампа Беј (мексикански залив).

Тука најголем град е Тампа, а особено популарни за туристите се и Clearwater, St. Pete, Largo, Sarasota, Bradenton, Dunedin…

Регионот го красат прекрасни плажи со брашнасто бел песок, кристално чиста и топла вода.

Надополнето со тропската клима која владее, Флорида е најпосакуваната дестинација за американците во зимскиот период, кога температурата на воздухот се движи помеѓу 22 и 30 степени целзиусови.

Денес, Миленко, кој е горд на својата ќерка Бона, ѝ го честиташе 31. роденден и објави заедничка фотографија.

Инаку Бона е омажена и има дете, а дедо Миленко минатото лето објавуваше фотографии и видеа со семејството кое му дојде во посета, синот Борис, снаата, ќерката и внуката.