Зуица Лазова е една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште. Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца.
Таа во едно интервју за ТВ Сител,раскажа дека е многу врзана за својот роден град Штип, и се уште оди таму да го посети братот, снаата, внукот и чичкото.
– Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво не воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.
И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца. Да им обезбедам една безгрижност, сигурност, а не ваква неизвесност.“, рече Зуица.
Зуица рече дека хармониката не е само машки инструмент и се гордее дека изучила многу генерации.
– Многумина не знаеја дека јас на хармоника свирам класична музика. Очекуваа веројатно да засвирам по неко оро или некоја народна песна.
Но, јавноста научи дека хармониката е фантастичен инструмент за свирење класична музика“, рече Зуица.
Во една прилика, Зуица Лазова гостуваше во емисијата „ЗАФИРОВ ШОУ,“ и се осврна на не толку познати детали од приватниот живот.
Зуица раскажа каква е атмосферата по дома, го спомна и Наум и неговата мајка, Анастасија.
Околу исхраната, кој и како готви, Зуица одговори:
-Се обидуваме тоа да биде барем повеќе да е домашна исхрана. И кај нас 24/7 е отворена кујната, секој нешто прави и готви. Јадењата се домашни, готвам јас, готви мојата свекрва Анастасија, мајка му на Наум.
Наум кога ќе е многу расположен и тој готви. Многу е добар во кујна, така што на тој начин спремаме и домашен леб, домашни пастрмајлии, тоа е далеку од здрава исхрана.
Единствена која што внимава на тоа е ќерка ми Македонка, која што доби свој начин на исхрана, од другарка ми Драгица, исхрана по генотип и таа знае да згреши, лазањи си се лазањи, мама кога ќе ги направи.
На прашањето дали користат телефони и додека одат во тоалет и дали се „зависни“ од технологија, Зуица рече:
-Не е само дека младите се „зависни“. Јас можам да видам дека и мојата генерација, се „зависни“. Ако ништо друго и некога игричка, Фејсбук. Напреднати сме, знаеме и за Инста, ќерка ми ме научи.
Баш ми се најинтересни тие „рилс“. И ние како наставник, сум приморана да го внесувам и часот на лап-топ, ако ми е при рака, ако не тоа е телефонот.
На некој начин и работата ми се наметнува преку телефон, електронски да мораме да ја водиме.
Во емисијата, учествуваше и познатиот јутјубер Стефан Лазаров кој со Зуица беа одлични гости во емисијата на Тоше Зафиров и супер се согласуваа.
Водителот Тоше Зафиров и се обрати на Зуица и започна со зборовите:
-Зуица, знам дека Стефан ви е омилено име. Имате прекрасна ќерка која што се вика Македонка, како сте по дома, дали Наум ве слуша сите вас?
Па, Зуица одговори: „По дома сме супер и тоа е најважно, да сме живи, здрави и среќни и сите на број.
Стефан ми е омилено име, баш се израдував кога ми кажа дека заедно ќе бидеме со Стефан, кој му е омилен јутјубер на мојот Стефан.
А, Наум, попрво би кажала дека сите ние повеќе го слушаме, него тој нас, низ смеа кажа Зуица кога гостуваше во оваа емисија.