Убавата Милена Антовска- Станковска, со години наназад е една од нашите најуспешни и најпопуларни ТВ водителки. Таа, како што е познато е дел од тимот на Канал 5 телевизија.
Милена вели дека уште е ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива, но сега за разлика од порано е малку посталожена, заради мајчинството, но се чувствува и како детето во неа уште да живее.
Милена е сега мајка на две прекрасни ќерки. Милена кога беше бремена со првата ќерка Лана Марија велеше дека ќерката е сиот нејзин свет.
„Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.
-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.
Милена потоа остана бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители по вторпат.
Убавата водителка за „Слободен печат“ тогаш сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.
„Не бев сигурна за второ дете, но сега сум сигурна дека е тоа најубавото нешто. Пред да го дознаеме полот на бебето, јас мислев дека ќе биде машко, а Гордан беше убеден дека ќе биде девојче. Јас се излажав овој пат“, вели среќната водителка.
-Бебето се роди во јануари и се погоди јарец во хороскоп, како што сум јас, тешко на Гордан“, кажа Милена, а нејзина ќерка се вика Јоана.
Милена Антовска на Василица минатата година , на свет ја донесе Јоана, нејзината втора ќерка.
Водителката се породи по природен пат и овој ден за неа и сопругот Гордан Станковски е еден од најубавите во животот.
Првата ќеркичка Лана Марија, која со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината мала сестричка, стана дада. Ова е второ дете и втора најголема радост во семесјтвото Антовски-Станковски.
Милена еден ден пред тоа го прослави својот 35 роденден, па на социјалните мрежи со своите следбеници сподели дека голема забава нема да прави бидејќи во секој момент очекува да се породи.
Милена и Гордан, во јануари прославија прв роденден на новната ќерка Јоана, и во таа прилика Милена на Инста и на ФБ објавила дека 14 јануари всушност бил нејзиниот најсреќен ден, на овој начин:
– Овој ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и и правевме крштевка. Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен.
Благодарност до Огнен Здравквски што направи најдобра атмосфера за еден од нашите најважни моменти во животот. Огромна благодарност до прекрасните девојки од @es.decorations кои украсија подобро од што замислував и најтопло ви ги препорачувам за било каков повод и прослава.
Тортата беше предобро изработена од @sweetthingsmk и ја направија круната токму како што сакав“, рече Милена која за оваа прослава облекла ултра мини фустан кој супер ѝ стоел.
Арно ама, таа се орасположила, што е и природно за мајка која на детето му слави прв роденден, па запеала и тоа песна од Александра Пријовиќ која се вика „Легитимно“, и колку што се гледа на снимката на стори, Миленче ептен добро се снашла со микрофонот.
Милена на својот Фејс профил сподели интересни слики, од неа кога била помлада, точно пред 7 години.
Кратката сукња и тогаш ја носела како и сега, а она што може да се забележи е дека сега е уште поубава и позгодна.