Каролина Петковска е долги години дел од Македонската радио телевизија, како новинар и водител на разни Тв проекти, Тв лице кое познато и кај нас и во дијаспората.
Таа е уредник на Редакцијата за Контактно забавни емисии во МТВ и во моментов го води „Неделен магазин“.
Каролина е позната и како најголемиот патриот меѓу новинарите. Таа долги години ја коментираше Евровизија во пренос во живо и една реченица остана нејзин заштитен знак.
Кога треба да ја најави Грција, Петковска вели, нашиот јужен сосед. Во една прилика таа изјави дека тоа го прави затоа што е лута на политиката на оваа земја која Македонија претхосно не ја признаваше под уставното име.
Има многу шеги и твитови на нејзина сметка поради тоа, но Каролина остана доследна на таквиот начин на коментирање и никогаш не одговори на ниту еден твит или споменување на нејзиното име во медиумите.
Нашиот јужен сосед пее на грчки наместо на јужнососедски“, но едно запомнете „Се се менува…само кај нас водителките за Евровизија и за Оскар се незаменливи“, вели еден твит. Каролина раскажа за своите дневни рутиини во Женски магазин.
Уште подобро е ако го пиете кафето со луѓе со кои ви е убаво и кога молчите!
И во едниот и другиот случај тоа се мојот сопруг Александар и сестра ми Даниела, со којашто сега за жал можам да го испијам кафето, само додека муабетиме на вибер, зошто последниве пет години со семејството живее во Америка.
И да…последниве четири години, до болка ми недостасува мирисот од тазе сомеленото и мераклиски, со љубов сварено кафе од рацете на мајка ми.
Малечок ритуал: подготвена вечера за двајца, чаша црвено вино и одбран филм на лаптоп (ставен на маса)!
Ред муабет и голтка од виното и „голтка“ од филмот, најчесто со документарно историски жанр. Не го сакам хор -оро т како жанр!
Доволно ст рав и неизвесност имаме во реалноста оптоварена од пандемија и изолации, сокриени насмевки, украдени прегратки, изгубени денови и драги луѓе…
Прекрасно е ова „чудо“ наречено – живот, нуди безброј мотиви за среќа и задоволство.
Се разбира ако умееш да ги препознаеш во “океанот” од стереотипи, изгубен вредносен систем изгубена правда и емпатија, од важни и помалку важни работи и луѓе.
Токму затоа, отсекогаш ме мотивираат луѓе коишто го имаат оној пркосен инает во себе и веруваат во вистината, дека: “ ако се сака- се се може”, откри водителката.
Во 2021 година, по долги години Каролина не ја коментираше Евровизија која се одржуваше тогаш во Ротердам, ниту во живо ниту од студиото на МТВ.
Тогаш го немше гласот на Каролина и не го слушавме она познато- нашиот јужен сосед. Евровизија ја коментираше Ели Танасковска.
Таа е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации.
Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“, и таа често споделува содржини од овој магаизн на нејзиниот Фејсбук профил.
Во една прилика, таа ја покажа својата ќерка Мартина, која дипломирала на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“, а под оваа слика, Каролина напишала:
-Кога успешно го заокружуваш кругот и започнуваш нови патеки со сонце во очите! Среќата, здравјето и добрите луѓе, секогаш да бидат твои сопатници! Секоја чест Мартина!“, стпои во текстот на Каролина за ќерката.
А и Мартина е вистина убавица, и горда на својата мајка, и таа на Фесјбук има споделено објава на Неделен магазин, емисијата која ја води мајка ѝ, за поддршка.