Naslovna Magazin Новинарката Јована: Јелена Карлеуша ќе роди трето дете со cтpанец (ВИДЕО)

Новинарката Јована: Јелена Карлеуша ќе роди трето дете со cтpанец (ВИДЕО)

Јована Јеремиќ е една од најпознатите српски ТВ водителки. Таа десет години беше дел од телевизијата Хепи, а потоа даде отказ. Како причина, таа изјави дека сака повеќе да и се посвети на својата ќерка.

– Имав опструкции, бидејќи јас сум личност што ја нервира околината. Луѓето и масите ме сакаат.

Јас сум жена која може да издржи сè во животот, но не можам да издржам кога некој ќе ме повреди емотивно и тоа се работите што ме тераат да заминам.

Заминувам кога ќе се чувствувам изма мена и непочитувана. Видов дека треба повеќе да му се посветам на детето, да работам повеќе на нејзиниот говор, бидејќи видов дека е запоставена.

Да потсетиме, Јована неодамна ги изненади своите обожаватели, кога на својот Инстаграм профил објави дека оди на заслужен одмор по 10 години.

Таа патуваше со својата ќерка во Црна Гора, додека нејзиниот сопруг Воислав Милошевиќ остана дома.

Имено, таа се јави од аеродромот објавувајќи ја нивната семејна фотографија. а потоа се сврте кон сопругот која ги придружуваше.

– Биди добар, девојките те сакаат – му рече Јована на својот сопруг со емотикон за срце. Потоа, таа објави дека се разведува од сопругот и тоа беше доста актуелно во јавноста.

Водителката Јована Јеремиќ повторно крена прашина, велејќи дека решила да пишува текстови за пејачи и пејачки.

– Се уште не сум ни почнала да пишувам, но доволно е да кажам дека првиот текст ќе биде за Александра Пријовиќ. По загубата на Марина Туцаковиќ, има место за жена која може да пишува длабоки песни.

-И моите песни нема да бидат лесни за пеење. Јас сум познат говорник, сигурна сум дека ќе напишам барем една песна што ќе остане запаметена – изјави Јована во едно интервју.

Во друго интервју пак дадено деновиве, спрската водителка го прокоментира разводот на Јелена и Душко, како и тоа дека Карлеуша ќе стане мајка по трет пат.

Имено, контраверзната водителка на телевизија „Пинк“, Јована Јеремиќ, на сите им е добро позната по своите настапи во медиумите, како и тоа дека го кажува своето мислење на различни теми.

Овој пат како што во видеото може да се слушне, Јеремиќ го послушала своето седмо сетило и на темата за поп дивата, коментираше за нејзината брачна состојба, како и за можноста таа да остане бремена по трет пат.

– Јас Душко често го гледам по ресторани, бидејќи ручаме во исти ресторани. Тој таму руча со своите ќерки. Се поздравувам со Душко и со неговите ќерки кога ќе ги видам. Душко е господин, секогаш се поздравува, тој е приземен човек.

Тоа меѓу него и Карлеуша мора да го решат на убав начин. Ако истекол рокот на нивниот брак нека се разделат како луѓе и да останат пријатели, рече Јована, предвидувајќи дека популарниот пар ќе се разведе, како и дека популарната пејачка повторно ќе се омажи за моќен Американец, но и дека Јелена ќе стане мајка по трет пат.

-Јас мислам, односно имам интуиција дека Јелена Карлеуша ќе најде трет маж и тој ќе биде странец од американското поднебје.

Тој ќе биде странец и сериозно моќен на светско ниво. Можеби ќе му роди дете. Јас тоа го прогнозирам за Јелена, јас едноставно ја гледам со некој трет човек кој не е од оваа земја.

Можеби грешам, но јас така ја гледам Карлеуша во иднина, истакна водителката.

Видеото погледнете го ТУКА