Naslovna Zivot Не ѝ е сестра, а личат како да се близначки- Елена Ристеска...

Не ѝ е сестра, а личат како да се близначки- Елена Ристеска ја покажа својата двојничка, еве како се поврзани

На крајот од минатата година, Елена Ристеска славеше 2 0години на македонската музичка сцена, откако првпат се појави и победи на аудициите на М2 во 2002ра година, на 22 декември.

За овој голем јубилеј, таа на сите нејзини фанови им подари нова песна, објави радио Бубамара тогаш.

Станува збор за песна на англиски јазик, на која соработува со италијанскиот диџеј Сперадајз, а која е насловена „Hard to be in Love“. Ја издаде „Арџента рекордс“ од Италија. а пропратена е и со интересен, анимиран спот.

– Желбата за создавање и креативноста уште од дете биле дел од мојот карактер.

Најпрво правев велосипеди од жица и секако накит, цртање слики за кои имам 30-тина признанија и први места, шиење и креирање на облеки за куклите и за себе, глума, фотографија, моделство, танцување и уште мал милион таленти кои ги поседував меѓутоа секогаш преовладуваше музичкиот талент:

Пеењето и пишувањето текстови и песни. Како и во секоја друга професија музиката си бараше максимална посветеност и фокус како моја прва љубов , па автоматски ги оставив сите други таленти на страна.

Со тек на годините, почна да ми се раѓа желбата да имам свој бренд, да инвестирам во нешто друго покрај музиката.

Па покрај козметиката и желбата за парфем со мој потпис имаше и други идеи за брендови кои во иднина ќе ги реализирам, но, секако мора чекор по чекор за да вроди со плод.

Секако репер ми се светските ѕвезди, скоро секоја од нив има свој бренд , особено парфем со нивно име.

А другата страна на приказната е дека со години ми плаќаат солидни буџети годишно за да рекламирам туѓи брендови, па оттаму дојде и поттикот да почнам да рекламирам свој бренд, бар себе не морам да се плаќам за заштитно лице, ха ха“, рекла Елена во интервју за Слободен печат за својот козметички бренд.

-Татко ми не веруваше во ниту една манифестација во државава, шоу бизнисот за него беше впуштање во страшен “бубањ” или не чесна игра.

Па првиот совет што го добив од него кога се пријавив на аудицијата беше “не се разочарувај доколку не успееш , бидејќи многу нешта се наместени”.

Но, јас му кажав дека немам очекувања и дека само сакам да си докажам на себеси дали сум доволно добра за оваа професија.

Колку и да беше скептик татко ми за сето тоа, тој беше најгордиот татко на светот и мислам дека од некаде, уште ме гледа, се гордее и ме заштитува.

На аудицијата бев без никакво очекување, а сепак со давање на својот максимум, успеав да победам на шоуто на М2 продукција и секако да си докажам на себе дека само силна молитва, голема желба, напорна работа и посветеност водат до успех.

А тоа што од оваа перспектива можам да го потврдам е дека М2 беше единствената аудиција чијашто награда беше кариера, а не само награда.

И уште поголем успех на една аудиција е доколку победникот продолжи да гради кариера , каков што пример сум јас последниве 18 години.

Значи Иво Јанкоски и Дарко Димитров имаа успешна мисија“, рекла Елена за почетоците на својата музичка кариера во едно интервју во Женски магазин.

Елена Ристеска си наликува со својата сестра Драгица, но многу повеќе со еден друг женски член од нејзиното семејство, нејзината братучетка Ивана.

Со неа личат како да се близначки, и слободно може да се каже дека таа ѝ е како двојничка, или пак Елена ѝ е двојничка на Ивана. А денеска, со посебен повод се собрала женска екипа на ова семејство.

Елена се сликала со сестра ѝ, со внуката и со братучетката и по овој повод напишала:

На сликата имам две сестри и внука, на едната сестра денес и’ е роденден, да си најсреќна, најсакана, најуспешна, најпочитувана моја Ивана Карадалевска.“