Naslovna Zivot Кратка бела маица и откриен стомак, Елена Велевска никогаш позгодна (ФОТО)

Кратка бела маица и откриен стомак, Елена Велевска никогаш позгодна (ФОТО)

-Сама сум ја одбрала оваа професија свесно и со самото тоа сум ги „прифатила“ сите ризици кои ги носи.

Славата годи, секој кој вели дека не е така, не ја говори вистината“, рекла во едно интервју за Слободен печат нашата позната фолк пејачка Елена Велевска.

Јас не сум ништо поразлично од некоја госпоѓа која работи во некој локален маркет, ги имаме истите проблеми, работиме со луѓе. И мене ми се случува да сум ненаспана, нервозна, нерасположена, но никогаш не ми пречела популарноста.

Ако имав каков било проблем со тоа ќе работев во некоја канцеларија од 9 до 16 часот, но јас не сум тоа. Како и во секоја професија така и во оваа има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се…

Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем. Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.

Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе. Кој што си прави, за себе си прави.

Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.

Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток“, кажала Велевска.

Потоа, Елена го добила прашањето: Мајка си на три деца, имаш кариера каква што секоја твоја колешка би посакала. Како успеваш да стигнеш да ги завршиш и домашните обврски и обврските околу твојата професија?

– Па не знам колку баш секоја моја колешка би посакала…(се смее). Шега на страна, мене не ми претставува ништо проблем, мојот најголем успех се децата, па кариерата, се справувам со сите предизвици да можам на нив да им пружам пристојно детство.

Не се разгалени воопшто, не одат во приватни училишта и немаат ништо повеќе од тоа што има секој нивни врсник. Кога го работиш она кое те исполнува можеш сè, одговорила Велевска.

Велевска важи за една од најбараните, но и најскапи фолк-пејачки на нашата естрада. Ако се врати петнаесетина или дваесет години назад, две каков беше патот до она што е сега.

– Ист како и денес. Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил.

Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес.

Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.

Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес“, рекла Велеска.

Елена неодамна се врати од турнеја низ Амeрика, и од таку објавуваше сѕпер слики. Но една ептен добра слика, таа сега шерна на стори на Инста.

Елена, на сликата е ептен сгодна, со кратка маичка, и тоа бела, и откриен стомак. Иако е облечена во костум, таа делува атрактивно исто како да облекла фустан.