Naslovna Zivot Ирена и Адријана со слични фустани- изгледаат како од модна писта излезени...

Ирена и Адријана со слични фустани- изгледаат како од модна писта излезени (ФОТО)

Долги години наназад, Ирена Спировска е една од најпознатите и најубави водителки во нашата држава. Трае веќе со години и што е уште поважно, важи за естрадно лице за кое нема негативни негати-вни коментари во јавноста.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина“, објави skopje24.mk во една прилика.

Тоа што сепак посебно мора да се истакне е нејзината појава.

Таа е дефинитивно пример за жена која на, верувале или не, 48 години години изгледа прекрасно како однадвор, така и одвнатре. Ирена секако изгледа барем десет годни помлада од своите години.

Во една прилика Ирена упати порака на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години.

Ирена во Женски магазин изјави дека ѝ е жал што гледа сè повеќе млади девојки со есте-тски коре-кции.

Таа рече дека жените во зрели години може да ги разбере некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не може да ги разбере младите девојки.

Таа долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот ја врзува љубовта кон спортските активности.

„И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена за својот партнер.

Таа зборуваше и својата нова емисија „Везилка“, која ја води со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки. „Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште порано, но поради пандемијата беше ставен во мирување.

Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа.

ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг.

Па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена.

За неа и за колегите, овој период бил работен и напорен, но како што вели таа, екипата на ВЕЗИЛКА работи со голем ентузијазам и посветеност, а кога се работи со љубов ништо не е тешко.

Токму од снимањето на емисијата, потекнуваат новите слики на Ирена кои се појавија на Инстаграм На сликата, таа е со колешката Адријана Алачки, а двете топ изгледаат, во прекрасни фустани кои се речиси исти.