Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска.
Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.
Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.
Во 2019 година, сите медиуми пишуваа за интересната љубовна приказна за Кате и Трајче од велешката група.
Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.
Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи.
Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.
Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката.
Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.
За нив велат дека тие се групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират, треба да ги резервираш многу однапред.
Затоа велешката група “Соната ” долго време опстојува на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.
Катерина Брезева за Женски магазин зборуваше за тоа како и поминува нејзиното секојдневие со сопругот и со ќерката. „Првото утринско кафе го пијам со мојот сопруг разговарајќи за претходниот ден најчесто впечатоци од изминатата свирка“, рече Катерина.
Она што ме мотивира сега е мојата Ана. Таа е најголемата мотивација во нашиот живот. Се неа се будиме заедно, пееме и создаваме нова музика. Денот ни поминува со повеќе обврски околку нејзе.
Бидејќи за време на викендите таа не е со нас, затоа преку неделата целото време сакам да ѝ го посветам на неа“, рече Катерина за својата разделеност од ќерката кога има има настапи.
Сликите на Кате на Инстаграм се повеќето семејни или од настапите со Трајче, но една слика посебно привлекува внимание, а таму Кате е во костим за капење, и сликана е во Велес на базен, на нејзин домашен терен.
Кате е многу згодна во ова издание, и освен како добар забавувач и како пејачка со убав глас, таа знае дека треба да покаже и „стас“ што е случај со оваа фотографија.
Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.
– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.
Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.
Кате и Трајче навистина ја негуваат својата љубов и уживата во романтика, а тоа го докажува една нивна заедничка фоторафија, каде што се заедно и среќни.
Тие се сликани на вечера во позмата винарија, и оваа слика е доказ дека низната љубов е силна и долготрајна, љубов како на филм.