Naslovna Zivot Дебарлиева покажа како навистина изгледа без трошка шминка, непрепознатлива, но многу убава...

Дебарлиева покажа како навистина изгледа без трошка шминка, непрепознатлива, но многу убава (ФОТО)

Во септември минатата година, Билјана Дебарлиева на социјалните мрежи објави дека по 11 години, веќе нема да биде дел од Канал 5 телевизија.

На Фејсбук, таа се сликаше со своите колешки, Татјана Стојановска, Даниела Богоевска и Славица Дулјанова, кои ѝ посакаа среќа во новите предизвици.

Билјана за Женски магазин вели дека не ѝ било воопшто лесно да се поздрави со колегите со кои се дружела секој ден, и додаде дека допрва ќе раскаже на која ТВ фреквенција ќе продолжи.

-Почнав со вести, точно во септември во 2011 години, и ете, завршив со вести. Не ми беше воопшто лесно, емоциите ме надвладеаја, не се малку 11 години“, изјавила презентерката и новинар.

Ретко кој би ѝ дал 48 години на Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести.

Кога Билјана славеше 48 роденден во декември во 2020 година, таа рекла дека воопшто не се чувствува како да ги има своите години.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила..

Освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка.

Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажува шарматната презентерка за Женски магазин.

„Во години сум кога се појавуваат и првите знаци на стареење на кожата, првите брчки, но ништо од тоа не ме плаши, туку ги прифаќам како еден природен животен тек и гледам колку што можам да го забавам тој процес.

Знам да си помислам, што ќе биде по 5 или 10 години, ќе бидам ли како оние жени кои изгледаат убаво и негувано и во својата 6-та или 7-ма деценија?

Ама уште е рано за да се оптоварувам со такви мисли, си го живеам мигот и моментот и убаво се чувствувам.

Во духот, мислите и однесувањето не се чувствувам како да ги имам овие години. Не се плашам да ги прифатам како бројка, зашто ова всушност се и најубавите години.

Возраста никогаш не треба да ни биде ограничување за некогаш, на некои работи да можеме да им се радуваме како деца“, вели Билјана за својот најубав животен период.

Верувале или не, Билјана Дебарлиева е на малите екрани веќе 28 години, и уште малку па ќе прослави 30 годишен јубилеј. Тоа никој не може да го претпостави, најмногу поради тоа што е секогаш иста, убава, средена и стокмена.

Во едно интервју изјави дека во нејзината кариера поминала низ многу ТВ проекти, најразлични емисии, снимање прилози на терен, едукативни, контактни, музички, а секако и информативни, т.е. како презентер на вести.

Како што вели, тоа секогаш било или наизменично или по неколку обврски во исто време во трите медиуми во кои работела досега.

Потоа Билјана рече дека, барем за неа лично, поголем предизвик се емисиите, затоа што во нив сама го осмислува она што е финален производ.

Според Билјана, само во тој случај таа може да ја изрази нејзината креативност, и секако да внесе нешто што е нејзин личен белег.

Во презентерството, ако го работиш истото подолг период, барем за неа, станува сувопарно, затоа што го презентираш она што некој друг го смисли и го напишал.

Еден салон за убавина пред неколку дена сподели една слика на која на прв поглед не би можеле да познаете дали е Билјана или не е.

Билјана е замижана, поточно е на козметички третман за кој се кажува дека е доста ефикасен, а на лицето нема ни грам шминка. Во вакво издание досега не сме ја виделе, а оваа слика ја истакнува нејзината природна убавина.