Познатиот водител и инфлуенсер Зоки Фаци, пред извесно време му беше гостин на водителот Стефан Лазаров, на неговиот Јутјуб канал. Зоки и Стефан кои се колеги од 1ТВ чепнаа многу интересни теми и наши познати личности.
Зоки прво започна да зборува што работи сега. „Сега си инфлуенсерка, по ново, така ќе му дојде“, му рече Стефан. „Инфлуенсер, да“, му одговори Зоки Фаци.
„Во Македонија, пред 15 години се појави Фаци, воведовме спо нозруши и трачеви. Во тоа време беше тоа ш -ок.
Да видиш ци цки на телевизија…“, му рече Зоки на Стефан за своите почетоци. Потоа, Стефан му се пожали дека има проблем со гости за снимање, дека тешко прифаќаат да му гостуваат.
Зоки му го објасни и тоа. „Тоа е затоа што нашиот народ Стефан е гл уп. Треба да сфатат дека тоа е едно бо јно поле каде што добиваат и губат, ама повеќе нашиве ѕвезди губат зашти не се појавуваат во вакви емисии како твојава, или како што беше мојава.
Не сум јас таква, јас не се соблакам, јас немам фраер, јас немам фраерка…“ Потоа зборуваа за тоа кои наши ѕвезди се расокомотиле во професионлни фотографии и многу други нешта..
Зоки потоа рече дека во Македонија нема ѕвезди, а единствена ѕвезда бил Тоше Проески и му е мило што бил дел од неговата кариера.
И така се надоврзаа и на други начи пејачи, а дел од нив беше и Влатко Лозаноски- Лозано.
Влатко Лозановски, детето има глас, прашај го и него кога ќе ти биде гостин, првото интервју му беше со мене, му го договори Ерик Фокс од Антена 5, Влатко ми дојде како да паднал од небо.
Моето интервју со него беше буквално вака: Да, Не, Да, Не. И тоа не се измени, еве колку години е на сцената, има убави песни, хитови му ги слушаат песните, ама Влатко Лозановски ја нема таа ѕвезда која би го направила број еден, вокално да но…“
Зоки Фаци повторно учествуваше во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров кој траеше цели 3 часа и откри многу работи за себе, за неговите тешки битки, но и некои не толку познати работи за нашите пејачки и старлети.
Лазаров го праша Зоки кои се најлицемерните ѕвезди во Македонија, а Зоки одговори:
„Сите. Јас би ја издвоил Елена Ристеска. Со неа не зборам со години. Јас не знам зашто со таа девојка не зборам, последен пат се испоте павме, тоа беше глупост.
Вака, Елена Ристеска се мажи, ми беше комшика во Ново Лисиче. Јас дознавам и одам со камера. Ја испраќаме невеста, зетот. После неколку години се разведува и јас пишувам дека се разведува, објавуваме и ми вика, зошто објавуваш.
Па, сестро, ти си јавна личност, не е мајка ти. Епа не можеш само убави работи“, кажал меѓудругото Зоки кај Лазаров. Токму поради ова видео, тој се обрати во ново стори на Инста и одржа лекција по новинарство на колегите.
– И ете вечерва, јас имам повторно имам нешто да кажам. После моето гостување во Подкаст кај Стефан Лазаров, моите колеги новинари ме објавуваат со моите изјави на нивните портали.
Сето тоа е во ред, јас поштем све, тоа што си го кажав го кажав искрено и од срце, ама не ме вадете од контекст. Значи, ако пишувате текстови, добро цитирајте ме.
Така да, то е јавно на Јутјуб објавено, вадете, нека не ве мрзи, цитирајте ме, тоа е многу битно, а не да ме вадите од контекст“, кажа Зоки Фаци во сворто сторти.