Освен што е одлична актерка, Тања Кочовска е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легендарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски.
Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.
многумина ја нарекуваат царица, затоа што е одлична актерка, пејачка и жена со многу ведар дух секогаш.
Кочовска ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар.
Во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.
-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.
Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.
Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела, а сега веќе и баба на Јоаким, синот на Александар.
Кога на Предраг му беше роденден, Тања кратко и јасно напиша: Среќен роденден колега, и објави слика од неа, од Предраг и уште од неколку нивни колеги актери.
Тања ја раскажа целата своја љубовна приказна со својот колега во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.
– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.
Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.
– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.
Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.
И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час.
И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сè ми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат“, раскажа Кочовска.
– Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму. Обично бабите велат: Моето внуче како глуми, па тоа е готово за кај вас во театар.
Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј ќи сум одличен хирург…во претстава. Многу луѓе не ја разбираат оваа професија.
Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга та страна ситуацијата ни е малку тажна. Знаете, од комедија до тр агедија има само еден чекор.
Не ве лам дека кај мене ситу ацијата е трагична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе то тешко го препознаваат. Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и на смеана.
И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен. Сакам да кажам дека оној што од брал да го засмејува светот, сака од тоа да од мори, едноставно да ја врати устата на место“, кажала Тања во интерфвју за pluspharma.mk
Тања како и секоја горда мајка, е поврзана со свокот син, а Александар полни 33 години. Тања на својот Фејсбук профил, објавила слика со синто, и до неа напишала: 33.
На ваков краток и јасен, но позитивен начин, Тања ги објавува сите убави вести во нејзиниото семејство, па така и оваа.