На социјалните мрежи, Снешка Трајковска е позната по прекарот Ог-нените ѕве-рови на Дамјана. По речиси десет години живот во селото Петралица, кривопаланечко, ова семејство, реши дека својот пат ќе го продолжат во Германија.
Семејството Трајковски има 5 члена, по Дамјана и Огнен, Снешка и нејзиниот сопруг Мартин му се израдуваа на Филип, кој е роден токму за време на пандемијата.
Несекојдневниот избор на Снешка кој го поддржаа многу луѓе на социјалните мрежи, од Скопје да се пресели на село, па потоа во германското градче Моерс, таа низ интересна приказна го раскажа за Женски магазин.
-На село се преселивме во февруари 2010. Уште пред да се преселиме на село, станот во Скопје ни беше само местото каде што ни стојат предметите.
Ситуацијата во Македонија не стануваше подобра, не остануваше ни иста, само кон пол ошо одеше.
Меѓу последните работи кои не’ турнаа да побрзаме со селење беше загадениот воздух.
Ни нашето село веќе немаше да остане чисто“, раскажала оваа госпоѓа во Женски магазин. Сега, на Фејсбук раскажа како живеат во Германија, но и една интересна приказна за ќерка ѝ- тоест како таму фунционира образовниот систем.
Во Германија дојдовме пред 2 години. Никој од нас не знаеше ни збор германски. Брза беше одлуката, брзо и извршувањето. Од денот кога решивме, до денот кога веќе бевме во Германија поминаа само 2 месеци.
Дојдовме на 19ти декември. На 1 февруари бан-дава појде на училиште. Учителките и персоналот љубовии. Милина луѓе. Во март се затворија училиштата…
Бан-ди-тиве научија германски нешто од нешто. Сѐ друго учевме дома сами. Од книгите, гугл транслејт, цртани и сл. Следното полугодие ме побара учителката на Дамјана на телефон. Замена за родителска средба…
Ја изнафали Дамјана дека била најдобра во класот, ме информираше дека деца кои се тука помалку од 2 години, се смета дека не можат добро да го совладаат јазикот за толку кратко време, па затоа и не добиваат оцени, но дека Дамјана за едно полугодие ги стигнала другите дечиња.
Ме праша дали може да ја оценат. Се разбира дека се сложив. И така. Таа моја машина, родена 3.700 со ќум ур црно косе, парче праи на училиште.
Без никој да ја форсира, без никој да ѝ стои над глава. Учителката рече дека за никој ученик до сега, кој што бил волку малку во Германија, нема дадено препорака да оди во Гимназија, но дека за Дамјана на драго срце ќе го стори тоа.
Ни ги посочи и најдобрите Гимназии во градот. Дамјана сама реши каде сака. Денес кога се прибиравме дома во сандаче нѐ чекаше писмо. Дамјана ја примиле во Адолфинум гимназија. Најјаката.
Таа таму сакаше, ние ништо не се мешавме. Иако има 10г одлуките се нејзини. Ова е совршен подарок за сиот нејзин труд и напредок. Ќе се радува милата.
Ја прашав: А, ако НЕМА МЕСТО!?- намерно не употребив *А ако не те примат*, за да нема грижа на совест. Немање место е друг филм, како по некој редослед да се оди.
А, да не те примат е лично, како неа да не ја сакале. Мирно ми рече: ништо страшно де. Ќе учам во другата. Ете така. Кога не ја стискаш капката вода на дланка, таа стои и ја имаш. Кога ја стискаш, ти бега…
До месечината љубена моја. До месечината. Па и тоа малку е за тебе. Ти шибај, јас сум до тебе“, стои во оваа објава.