Naslovna Zivot Познат музичар од Европа направи неверојатно нешто во чест на Милан Завков,...

Познат музичар од Европа направи неверојатно нешто во чест на Милан Завков, видео кое мами солзи на очи

На 7 февруари, ненадејно, во 61-та година од животот, се упокои врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објавија тогаш од Танец.

Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски.

Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба.

Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера.

Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча.

А, во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвни хит-мелодии.

Милан Завков зад себе остави голем број на композиции кои се неизбришлив дел од македонската фолклорна музичка ризница и кои уште долго ќе се изведуваат на сцените и ќе бидат дел од нашето секојдневие.

Тој беше брилијантен инструменталист и еден од нашите најголеми виртуози. Во иднина допрва ќе се слави неговиот лик и дело.

Ова беше посочено на денешниот комеморативен собир во Фоајето на Националната опера и балет, посветен на првенецот на НУ „Танец“, врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков“, објави Фокус.

Во Македонија има повеќе пати гостувано Танос Ставридис, кој ее еден од најпознатите грчки музичари кој свири хармонија. Има соработувано и со некои од најголемите и најпознатите пејачи, композитори и музичари како во Грција така и на Балканот.

Тој е исто така еден од пионерите на грчката балканска сцена, бидејќи бил основач на повеќе познати музички групи. Учествувал на над 100 снимања на албуми и како солист и како оркестратор.

На 26 јули во 2019 година во Градскиот парк се одржа концерт на кој ќе настапија балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд.

Ставридис има настапувано и во Битола, на Локум фест, а патувањата во Македонија му помогнале да го запознае Милан Завков, прерано заминатиот мајстор на хармоника.

Токму за Завков, Ставридис објавил видео кое му го посветил, и ги свирел „Зајди зајди„ и Стефаново оро. Во описот на ова видео, Ставридис напишал:

– Мал омаж на еден од големите мајстори на балканската хармоника, Милан Завков кој толку неправедно и набрзо по-чина.

Овие две мелодии се од моите први омилени и сакани од неговата музика и кога првпат го слушав како ги свири бев многу трогнат. Ти благодарам за се маестро“, напишал грчкиот музичар.

Видеото од моментот кога тој ги свири овие два македонски бисери, можете да го видите ОВДЕ.