Реномираниот актер Гоце Тодоровски кој активно играше во Драмски театар до скоро, и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а во една прилика сподели празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка.
Но, едно нешто Гоце никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.
Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.
-Ванчо е виновникот затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, ио бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша: Што ти е ова?
Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот. Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, рите ги врати, а неговиот не го врати.
И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија.
А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.
Инаку, веднаш пук -аше. Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.
На родителски состаноци имавме храброст толку да настапиме со скечеви пред родителите.
И така да, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата баш дека повеќе бев со него отколу со самиот себе.
Заедно спиевме, повеќе спиев со него отколку што спиев со жена ми. Додуша, во различни кревети. Прво кога ќе ми го спомнат Ванчо, ми текнува на солзи“, рекол Гоце.
Во едно ТВ интервју, Гоце Тодоровски реќе дека за него може да се сними цела турска серија, а водителката се согласи дека со овој легендарен актер, една емисија е малку.
Водителката Катерина Стојановска- Десковска тогаш го поздрави Гоце од негов голем обожавател, љубител на Македонските народни приказни Горан Марковски, кој поздравот го има пратено преку Фејсбук.
– Случајно го знам дечкото, тој е голем вљубеник во Македонските народни приказни, тој дури и предлагаше и сценарија за приказните, чудно колку е загреан, но има и други такви.
Цела Македонија и цела дијаспора живее со Македонските приказни, а ова е баш исклучителен пример, малиов колку е заљубен во овој проект.
По моја проценка, снимени се накде околу 400 епизоди, можеби и повеќе“, рече Гоце за познатиот серијал со кој многу генерации израснаа, а во него глумеа и легендите Ѓорѓи Колозов и Ванчо Пeтрушевски, Лазар Бараков, Шенка Колозова и многу други.
„Мислам дека ќе ја немаа мојата снага, затоа што јас не успеав баш лесно.
Имаше таму некои постари глумци кои не ни даваа многу да збориме.
Или ако те види дека малку повеќе се покажуваш на сцена ќе ти речеше: Мали, ај не се занесувај многу! Не смееш над него да бидеш“, објасни актерот за своите почетоци.
По долго време, слика од Гоце е објавена на социјалните мрежи, и Гоце иако со побелена коса и со брада, изгледа супер и супер се држи, а е доста насменан.
Слика со него има објавено пејачот Влатко Лозаноски- Лозано, а еве што во описот на оваа фотографија напишал Влатко, и кои зборови му ги упатил на Гоце:
-Со чичко Гоце, најскапа фотографија, мојот идол од моето детство“, напишал Лозано за актерот Тодоровски, кој е секако идол и на уште многу луѓе од нивните детства.