Naslovna Magazin ДРАМА на снимањето на ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: На пејачката одеднаш Ѝ СЕ...

ДРАМА на снимањето на ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: На пејачката одеднаш Ѝ СЕ СЛОШИ, водителот мораше да ја извади од студио

„Ѕвездите на Гранд“ е без сомнение, најпопуларното шоу на Балканот. Шоуто го пратат и Балканците кои живеат во дијаспората, Австралија, Америка, западна Европа…

„Sвезде Гранда“ лансираше многу пејачки во ѕвездите, а токму тоа се случи и со духовитата Александра која не крие дека популарноста што ја стекна на сцената на Гранд и донесе се’ што отсекогаш сонувала.

Александра Тадиќ-Ципка важи за една од најатрактивните пејачки која често не остава без здив со своите провокативни стајлинзи.

Сепак, Папарацо шоу во една прилика успеа да ја фати Цитка во неочекувано издание, кое сигурно нема да ги остави рамнодушни гледачите од посилниот пол.

Додека нејзиниот стилист и земаше мерки, пејачката позираше во црно боди кое ги истакнува сите нејзини атрибути.

Внимание привлекоа и цвеќињата кои Александра ги држеше во рака, па останува да видиме дали можеби некој таен обожавател ја изненадил.

Да потсетиме, пејачката со години се занимава со гимнастика, па не е ни чудо што може да се пофали со толку згодно и извајано тело и облини.

– Гимнастика тренирав во школо, па имав некои привилегии и искрено само го заобиколив училиштето, одев само во теретана, што се гледа кај мене, барем нешто што добив од тоа – изјави Александра.

Како скромна и тивка девојка, таа за прв пат се појави на аудиција на музички натпревар во далечната 2005 година.

Александра Тадиќ Ципка со години ја носи титулата на една од најатрактивните учеснички на „Ѕвезда Гранда“.

Позната по добриот глас, но и убавото тело, Ципка каде и да се појави привлекува големо внимание.

На крајот на минатата година таа направи неверојатната трансформација.

Беше огнена бринета, а тогаш ја промени не само фризурата туку и бојата на косата.

Ни помалку ни повеќе, таа се обои во црвено и на социјалните мрежи се пофали со промената.

Пејачката Александра Тадиќ Ципка на едно од последните снимања на емисијата „Ѕвезде Гранда“, се појави во провокативна сребрена комбинација која сите ги остави без зборови, но стајлингот не е единственото нешто за што долго ќе се зборува.

Имено, Ципка во еден момент ја фати несвестица, а откако шеќерот и водата не и помогнале, водителот Синиша Медиќ ја подигна на раце и ја извади од сцената.

Извесно време поминала во шминкерницата каде ја полиле со вода.

Таа, додека траеше немилиот настан, на сцената беше заедно со познатата пејачка Стоја.