Naslovna Zivot Беа куми, а сега и двете се разведоа од мажите- еве што...

Беа куми, а сега и двете се разведоа од мажите- еве што правеа Тамара и Лејла Рамковска заедно (ФОТО)

Разделба помеѓу синот на Фијат Цаноски, Сефер и сопругата Лејла, ќерка на Велија Рамковски- напишаа медиумите во 2018 година.

Тие беа во брак речиси една деценија и имаат две деца. Веста за разводот за „Репортер“ ја потврдил Сефер, кој кажал дека се развел во 2017 година.

– Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието, изјавил Сефер.

Во мај во 2018 година, познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, се ожени со Сезен Бас.

Сефер и Сезен направија свадба гламурозна свадба за многу гости во Истанбул, Турција. Тогаш, тој објави дел од свадбената фотосесија на својот Фејсбук.

Под фотографиите на кои позира со Сезен облечена во невестински фустан, тој и порача да танцува со него до крајот на животот, како што велат стиховите на хитот од Леонард Коен.

Сезен е од Турција, и во една приика, за „Фокус“ раскажа како се запознала со Сефер. Тие двајцата се запознале сосема случајно, на една од улиците во Таксим, каде тој пиел кафе.

Раскажуваат дека им се случила љубов на прв поглед и како била вистинска среќа што се пронашле во 20-милионскиот Истанбул.

„Никогаш не мислев дека ќе се омажам, ниту пак дека ќе раѓам во Македонија. Но, ете, животот е непредвидлив. Наскоро го очекуваме раѓањето на нашето девојче, настан поради кој сме многу возбудени“, додаде Сезен.

Сега, тие се родители на три деца. Бизнисмен и сопственик на „ФОН Универзитет“, на Фејсбук сподели радосната вест со своите пријатели и роднини.

Цаноски во мај минатата година, стана татко по петти пат – неговата преубава сопруга, Сезен му роди девојче. Гордиот татко го откри и името на девојчето, таа ќе се вика Адила Дефне Цаноска.

-Добредојде Адила Дефне Цаноска. Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет – напиша Сефер заедно со фотка од болницата.

Во мај , Цаноски и Сезен слават 5 годиини од бракот. Сефер, на кога прославија една година, на романтичен начин реши да ја израдува својата сакана.

Тој, како вистински џентлмен и човек кој сака да ја покаже љубовта кон својата сопруга, седна позади клавијатурите и ја отсвири и отпеа песната ,,Загрли ме” од Здравко Чолиќ.

Пред извесно време, тој на Фејсбук покажа романтичен гест поврзан со музика. Тој објави слика како се бакнува со својата сопруга и ги напиша познатите стихови од Владо Јаневски:

„Еден бакнеж, и магија се стори“. Неговите Фејсбук пријатели му се воодушевуваат и му честитаат на гестот.

На празникот Барјрам, Цаноски објави семејна слика со сите деца, со сопругата и со родителите, во домашна атмосфера.

Лејла Рамковска е сега успешна јога инструкторка, како што е познато на пошироката јавност и има доста луѓе кои ги посетуваат нејзините часови.

А, инаку Сефер Цаноски е пријател со Александар Димитровски- Мачка, поранешниот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, со која се разведе пред неколку месеци.

Сефер им беше кум на Тамара и на Мачка додека беше во брак со Лејла, а Тамара и Лејла- сега и двете разделени од сопрузите кои порано беа куми, уште се дружат.

Тамара шернала едно стори со неа, и напишала: Мојата сестра од друг господин, а на сликата се во некој ноќен локал и двете се доста насмеани и весели.