Naslovna Zivot Врчак ја отвори душата и најави убава новост- Ова мое срце знае...

Врчак ја отвори душата и најави убава новост- Ова мое срце знае се!

Раде Врчаковски- Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат.

Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуаа зошто се повлече од музиката?

Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената.

Од Раде Врчаковски- Врчак одамна не бевме слушнале ништо ново, ниту пак најава дека нешто ќе снима. Тој не се појавуваше во медиумите, не даваше интервјуа, го немаше на социјалните мрежи, и никој не знаеше каде е и што прави.

По многу долга пауза, а поради како што вели неброени пораки што ги добивал постојано, Раде Врчаковски- Врчак, на крајот од минатата година се врати на музичката сцена со нова песна со интригантен наслов, „Да ме лиз неш“.

– Новата песна ја направив потикнат од иснстирања на неизброени, неизброени пораки кои ми стасале од луѓе само во последните неколку години со молења да правам нови песни.

Новата песна ја направив на смеа и со огромна радост, а целта на новата песна е да се привлече внимание на се сите теми кој се опфатени во воведот на самата песна, а се од важност за секој човек да ги чуе барем еднаш во животот.

Во воведот има и информации до Светската Здравествена Организација и од најнови медицински истражувања кои секој човек треба да ги знае, и да имаме поубав, подолг, поздрав живот, како и иднина без ропства на планетата Земја“, ијавил за Женски магазин Врчак.

Јас си живеам супер стерилно, несакам да се експонирам многу многу, и несакам да ми се меша никој во приватноста.

Мајка ми ми вели “многу си убав сине, чувај се, ќе те уро чи некој”, јас се смеам на ова ама вистина е дека поубаво е помирно да си живее човек и затоа приватноста си ја делам само со сите најблиски.

-Албумот кој го снимавме во Америка е американски и е супер комерицален.

Во текот на подготовките на албумот изби пандемијата низ планетата, а ние сите сме докторска фамилија и како секој доктор што би кажал, мора да се избегнуваат концертни настани и гужви.

Сега веќе корона кризата е во затишје и се надевам дека албумот ќе излезе во Америка до пред летото во 2024, а да се надеваме дека ќе е и порано.

Длабоко поpецизни информации за сѐ поврзано со американскиот албум и како се случи да снимаме албум во Америка со продуцентот на Бруно Марс, има во целосниот вовед на новата песна која излезе кај нас пред Новата 2023 година.

Во последно време ново ми е запознавање со нови Фејсбук пријатели и пешачење со нив на чист воздух (на секој човек ова би го препорачал), и разговараме на сите овие теми и сѐ оди напред одлично“, кажал Врчак за Женски магазин.

Врчак е сега повторно актуелен на социјалните мрежи, а последниот негов статус е поврзан со една новост која ја кажа и го отвори срцето. Тој шернал слика од кнцертот на ДНК кој се одржал при крајот на минатата година и напишал:

-Oва мое срце знае се. Да имаме иднина со миљарди нови најљубени пријателчиња приклучете се сите против роб ства на животичиња. И правам нова песна со DNK“.