Naslovna Zivot Во утринска емисија на Канал 5 се јави човек кој се престави...

Во утринска емисија на Канал 5 се јави човек кој се престави како Груевски – интересна беше реакцијата на новинарот Роберт

Утре, Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Станува збор за аболицијата од април 2016 година со која Ѓорге Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство.

Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите.

Во предметот се засегнати и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како екс премиерот Никола Груевски, министрите во неговата влада Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, првиот човек на Управата за безбедност и разузнување Сашо Мијалков, но и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Во објавата на Судот се наведува дека подносители на жалбата се осумина граѓани на Република Северна Македонија.

Европскиот суд, по пет ипол години од поднесените апликации, ќе даде одговор дали предметите на СЈО и судењата кои се во тек ќе продолжат или ќе запрат и ќе се поништат, а обвинетите и осудените, при евентуално поништување, ќе можат од државата да бараат обесштетување.

Сепак, познавачите велат дека многу од случаите ќе останат актуелни, бидејќи, некои од нив во СЈО се отворени по аболицијата на Ѓорге Иванов. Една од нив, е и случајот „тенк“,  за кој Груевски има и пресуда.

Денес, на утринска емисија на Канал 5 телевизија, се јави гледач, кој се престави како Никола Груевски.

Новинарот Роберт Јанков не беше изненаден, напротив, професионално го водеше разговорот, иако и нему му беше јасно дека тоа не е вистинскиот Никола Груевски.

Роберт Јанков на крајот од разговорот заклучи: „Интересно ќе биде ако сега се јави вистинскиот Никола Груевски.“

Погледнете го видеото: