Naslovna Zivot Се изгладнував до бесвест- Ели Танасковска откри една досега непозната приказна за...

Се изгладнував до бесвест- Ели Танасковска откри една досега непозната приказна за неа

– Домот е моето цело царство. Не сум ранобудец, останувам доцна до 02.00 – 03.00 речиси секоја вечер, на вибер-конекција со ќерка ми и внуките, кои живеат во Канада.

Мојот свет е поделен – половина тука, половина таму. И најдобрите другарки и дел од семејството ми се таму. Смеа, песна, сликања и раскажувања, се дел од нашиот живот“.

Ова за Слободен печат го изјави Ели Танасковска, нашата позната новинарка, која со години наназд ја гледаме на фреквенцијата на Македонската радио телевизија.

Наутро не пијам кафе. Имам домашен миленик, а покрај него уште неколку пред зграда, со кои ми почнува секој ден. Хранење, милување, играње на трева.

Помалата ќерка Леона ме чека и додека се подготвуваме за работа, ме исполнува со најпозитивни и духовити мисли. Во зависност од обврките, обично имам средби со гости, планирани во студио, разговори и кратки муабети со некои колеги.

Попладне, додека пешачам, ќе ѕирнам низ прозорец како оди часот на Леона, нови кореографии, фигури, а децата ме исполнуваат со најискрени насмевки и едно најубаво чувство на безгрижност и среќа.

Обожавам да готвам, да правам специјалитети, и вечерата е задолжена за семејството. Често покануваме гости и уживаме во веселата атмосфера“, кажала Ели.

Во едно интервју за „Точка“, Ели зборуваше за себеси и она што ѝ го исполнува времето.

„Сум имала различни занимации и сега дури ми е чудно како сум можела сето тоа да го правам. Од собирање на салфетки, до сликање, пишување поезија, љубовни романи.

Сега немам баш толку слободно време, но можам да кажам дека храната ми е хоби. Кујната е моето царство и таму навистина се чувствувам како кралица.

Сега ќе откријам една тајна. Велат до генот е, да, но и до желбата како сакаш ти да изгледаш.

Промената можеш да ја направиш однвнатре. Треба само силен мотив и промената ќе дојде сигурно. Јас цел живот спортувам, практикувам пилатес секојдневно“, рече новинарката.

Ели за ММС.мк изјави дека нејзината најголема гордост се внуките, од нејзината постара ќерка Симона.

Ќерката живее во Канада, и Ели е тажна што со внуката не може да се гледа често, но комуницираат редовно, и таа ѝ раскажува приказни онлајн.

Во една прилика, за Женски магазин, Ели откри како ѝ успева толку добро да изгледа секогаш, и како толку добро се држи всушност.

-Обично луѓето ме доживуваат како насмеана, смирена и позитивна личност. Таква сум, сакам да ги прегрнувам драгите луѓе, да им се радувам. Ама во исто време сум и темпераментна, брза.

Неодамна го открив магарешкото млеко за тело и сапунот од козјо млеко. Органски без хемија.

По нивната употреба не е потребно ништо друго. Спремна сум за работните обврски. Имам квалитетна коса која после фризер трае долго, само ја минувам со прсти, сјај на уста, парфем и влегувам во својот автомобил.

Имам природно долги и густи трепки, но тој умее да ги направи доминантни. Откако работам со нив, ни се јавуваат гледачи од сите страни на светот да прашаат дали станува збор за естетска кор екција“, открила Ели.

За својот изглед, за одржувањето на формата и на кој начин го прави тоа, но и за она што луѓето го мислат за неа, а не е вистина, таа кажала:

-Колку и да се собрало во нас животно искуство, камери, светла, фестивали… потребна е стручна, уметничка рака која ќе ви каже што да скриете, а што да истакнете. Со години имав ком плекс заради истакнатите јаболкници.

Се изгладнував до бесвест мислејќи дека ќе спласнат некако. Во ова ново време на хијалурон и ботокс, сите ме прашуваат дали сум ставала јаболчници. Парадокс!“, изјавила напшата позната водителка.

Таа изгледа топ на една од поновите слики кои ги објавила од студиото на МТВ, и гледајќи на сликата може само да се каже дека годините ништо не ѝ можат.