Пејачката Цветанка Ласкова преку својот Фејсбук профил побара организаторот на концертот да ги врати парите во Министерството, откако се објави дека таа ќе добие 300.000 денари од Минситерство за култура за да организира концерт.
-Не ме изненадува реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ исполнета со нав-реди, омаловажување и невистини упатени кон мене. Не им е прв пат.
Чувствувам обврска кон јавноста да објаснам дека јас, Цветанка Ласкова, не конкурирав за одбележување на 50 години од мојата музичка кариера.
Тоа беше идеја на продукциското студио ,,City Sound” DOOEL- Skopje, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5 деценискиот развој на македонската фолк и поп музика.
Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура“, објави Ласкова.
Новинарката Валентина Ѓорѓиевска- Парго која на Фејсбук е потпишана како Валита Хефнер Хеидис, регираше на овие случувања, како и многумина на социјалните мрежи.
Ова е статусот на Валентина, поврзан со поп и фолк пејачката Цветанка Ласкова, кој го пренесуваме во целост.
„Дали Цвета треба да има третман на естрадна ѕвезда? Да! Дали треба да направи концерт? Да! Дали треба да и се овозможи со пари од државата? Да!
Дали треба на ваков начин? Не, не и не. Ни во лудило. Таа беше советничка за култура и требаше сите недостатоци да ги среди, а не да се ма- фи-јаши за неколку илјадарки.
Во оваа држава се даваат премногу пари за култура и сцена. Премногу!!!! Најмногу од тоа оди во џебот на неталентирани и сомн-ителни менаџери и организатори, а талентите гаснат и пропаѓаат.
Младите се скроз потценети и никој за нив не се грижи. Напуштаат. Уметници во најдобри и најплодни години седат со скрстени раце, немаат услови и поддршка за ништо.
Тие што се активни душа им излегува од работа и пак не се платени како што треба.
Естрадни ѕвезди кои оставиле многу се чувствуваат навредени што од сите страни се заборавени, ко да не создале ништо зад себе.
Македонците се навредени Албанците им земале многу пари за проекти. Албанците се навредени зошто само за Македонците да има за нив не.
Другите етнички заедници па никој не ги ни спомнува. Значи, реков пари има.
Пред некоја години, иако немам нерви и здравје ни време за бафтање со институции, пратив маил и лично се понудив до Министерство за култура ПРО БОНО, да им го пренесам сето мое искуство, од премногу настани, фестивали, сознанија, врски, релации, контакти.
Значи ПРО БОНО! Пошто ме нервира сево ова. Тука заврши се!
Вие сакате најцивилизирани сегменти да ви ги водат примитивни ма-фи-јаши, изм-амн-ици, профитери, неупатени градоначалници, ко-цк-ари и сл и да сте пресреќни ако ве викнат некаде да настапите за сто евра, место да си имате цело време ангажмани, концерти и третман на ѕвезди.
Искрено, не ме интересира ни кој зема никако зема. Кој како ќе стигне нека џапне и нека тера . Јас ни ќар ни зијан од тоа, барем здравјето зачувано…“, стои во статусот на Валентина.