Новинарот Мишко Иванов е познат по тоа што ревносно ја следи политиката, но и по емисијата „Патот до успехот“ ,во која му гостуваат познати личнности од Македонија, но и од поранешна Југославија.
Иванов е еден од нашите најпознати новинари со долгогодишен стаж. Тој своевремено работеше и во А1 телевизија, а сега долги години е во ТВ 24.
-Почнувајќи од 2013 година, од кога практично започна емитувањето на емисијата „Патот до успехот“ па сè досега, тимот на емисијата реазлизираше повеќе од 250 емисии.
Тоа е бројка, која кога ја гледам од оваа дистанца, колку и за звучи нескромно е импресивна. Тоа се повеќе од 250 животни приказни. Успешни приказни. Емисии кои успејаа да го најдат своето место на македонското медиумско небо.
„Патот до успехот“, покажа дека македонската публика е желна за успешни приказни, за можноста повозрасните да се потсетат на некогашни убави времиња, а помладите да дознаат каков е патот на успешните личности.
Тој никогаш не е послан со рози, бара многу одрекувања.
Со должна почит во при сеќавањето сигурно ќе заборавам некого да споменам. Академиците Луан Старова, Абдулменаф Беџети, Томе Серафимовски, Таки Фити, Блаже Ристовски, Ѓорѓи Филиповски и многу други.
Сликарите Миро Масин, Васко Ташковски, од светот на музиката Весна Гиновска Илкова, Влатко Стефановски, Есма Реџепова Теодосиевска, Драган Мијалковски, Кире Костов, Бобан Милошески – „Авалон“, Виолета Томовска, Селимова – Желчевски.
Театар и филм, Слободан Унковски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Милица Стојановска, Љупка Џундева, Диме Илиев, Шенка Колозова, Бајруш Мјаку, Салаетин Биљал, Драган Спасов – Дац, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Синоличка Трпкова, Бубо Каров и многу други.
Спортисти како Горан Пандев, Милко Ѓуровски, Дарко Панчев, Благоја Георгиевски Буштур, Тоше Гечевски, Инидира Кастратовиќ, Гордана Нацева…“, раскажа во интервју во Женски магазин новинарот.
– Дефинитвно дека спомените од детството играат огромна улога. Емисијата практично ни овозможи и лично да се запознаеме и јас и тимот со личностите кои беа и се наши идоли.
Луѓе кои се идоли на многу генерации. Истовремено, емисијата нуди одлична можност на гледачите да им го доловиме и претставиме вистинскиот систем на вредности, кои за жал сега е урнисан по сите нивоа.
Сепак, во изборот на гости, често ги слушаме и желбите и сугестиите од гледачите, секако јас ги имам во вид и сугестиите од мојата сопруга.
Но, сепак одлуките ги носиме во консултација со програмскиот директор, главниот и одговорен уредник во телевизијата, тимот на „Патот до успехот“ (Александар Димитриески, Сашко Коцев). Сметам, дека засега успеваме да го задоволиме вкусот на гледачите.
Сепак, мислам дека кога се успешните во прашање, речиси е невозможно да погрешиш со изборот на гости, иако живееме во регион каде луѓето сè ќе ти простат, но успехот никако“, изјави Мишко во истото интервју.
За Мишко е познато дека е оженет со Татјана Стојаноска- Иванова, професор на Институтот по социологија на Филозофскиот факултет.
Мишко и Татјана знаат да го исго користат времето за убави прошетки. Тој објави романтична слика со својата сакана, во Охрид, како уживаат на брод.
Кој вели дека Мишко го бива само за остри политички интервјуа, ете, тој знаел да биде и романтичен. Во една прилика, тој за тоа како му поминуваат деновите кажа:
-Го земам мобилниот, поверувам што се случува во Македонија и светот. По некој пропуштен повик, листање по ФБ, малку музика и ведар разговор со професорката (хахаха, мојата сопруга).
Таа практично ми е главниот мотиватор, полна со идеи уште по сабајле. По некој коментар како поминале интервјуата претходно, што планирам за денес. Што таа планира да заврши денес.
Таа практично е мојот најголем мотиватор. Полна со идеи, активна што би рекле 100 на саат. Понекогаш дури знам да ѝ кажам: „Душо дај еден викенд да одмориме, да останеме дома“, а таа ќе се насмее и ќе каже:
„Ајде уште овој пат до отидеме некаде надвор од Скопје, да размениме малку, затоа што од понеделник повторно сме на работа, следниот викенд остани дома гледај фудбали цел ден, таман јас да си ја довршам книгата. Хаха.“
Мој мотиватор и конструктивен критичар за секоја моја емисија, иако понекогаш знам да се спротивставам на нејзини коментари заради нашата новинарска суета, сепак на крајот како по непишано правило таа ќе излезе во право.
Често знае и да ми сугерира и теми и гости за емисија, особено во моментите кога ќе почнам гласно да размислувам каде да отпатувам и кого да поканам во „Патот до успехот“, рече Иванов за својата сопруга.