Naslovna Zivot Илина Арсова никогаш позгодна- го покажа својот стан во Америка, деколтето и...

Илина Арсова никогаш позгодна- го покажа својот стан во Америка, деколтето и им даде важен совет на жените (ВИДЕО)

На самиот крај од 2019 година, планинарката, алпинистка и ликовна уметница, Илина Арсова, направи уште еден триумф, освојувајќи го врвот Винсон на Антарктикот.

Со искачувањето на овој врв, Илина го комплетираше проектот „Седумте врвови“ и успеа да искачи седум највисоки врвови на седум различни континенти – Аконкагва, Денали, Килиманџаро, Пунџак Џаја, Монт Блан и Монт Еверест“, објави Слободен печат тогаш.

Потоа, нејзините подвизи продолжија и понатаму, се искачи на уште многу врвови. Илина исто така е актуелна по заминувањето во Америка, поточно во Тенеси, на докторски студии каде што исто така и работи.

-Во младоста како извидник, со доза на натпреварувачки дух, одевме на разни смотри и натпревари во ориентација, кога вистински почнав да ја апсорбирам и да ѝ се воодушевувам на планинската убавина.

Подоцна, веќе како дипломиран ликовен уметник – сликар, кога за прв пат се најдов на надморска височина над 4.000 метри, почна да ме маѓепсува пејзажот од разиграниот хоризонт испресечен со стрмни планини.

Одговорот, би рекла: од една страна чувството на среќа кога сум во планина, ме поттикнува почесто да го правам тоа.

Од друга страна, секојпат сум била спортист и тој натпреварувачки дух се канализирал во натпревар со себеси и поместување на сопствените граници на возможното.

Оттаму и целта била поставена што повисоко на планинските врвови, до каде патот секогаш бил попречен од искушенија, кризи и разни предизвици.

Илина Арсова
Илина Арсова

Денес, можам да кажам дека планините се мојата природна средина, мојата комфор зона и место каде се чувствувам исполнето.

Едноставно, ништо не ми недостасува кога сум таму, понекојпат со денови изолирана од земските задоволства.

За искачувањето на Антарктикот, се приклучив на меѓународна експедиција. Беше речиси невозможно, како логистички, така и финансиски, да се организира самостојна експедиција на овој континент.

Така што секој еден од нас индивидуално се подготвува за подвигот. Тоа е еден вид реално шоу кога ќе стават луѓе кои не се познаваат, да живеат заедно две недели во сурови и екстремни услови.

Добро е што сите беа О.К., супер се согласувавме и функциониравме како тим.

Но, мојата приказна на искачување на 7-те врвови се разликува од онаа на повеќемина,

бидејќи пола од врвовите ги искачував буквално сама, или со партнер во сосптвена режија, некојпат со скии и тоа без логистичка поддршка ниту водич.

Тоа е вистинската убавина и спортско достигнување за високогорските и алпиннистички спортови“, рекла Илина за Слободен печат.

Таа неодамна за жал ја прекина врската со Игор Џамбазов кој кажа дека тоа се случило поради далечината.

Илина на Инстаграм, во своето ново видео, го покажа својот дом во Тексас, каде што сега живее и во него покажа фитнес вежби, на барање на оние кои ја следат.

Во видеото, Илина е облечена во шорцеви и во кратка маичка, и своите следбеници ги советува за тоа како да прават вежби- тоест колку може таа да биде потпрена на ѕидот, а да не седне.

Илина клекната до ѕидот (а делува дека седи) издржа околку една минута, и рече дека за тоа време може да чита книга, а може да се забележи дека никогаш не била позгодна, а во ова видео, го истакна и своето деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)