Naslovna Zivot Златна Бубамара: „Игор Џамбазов беше пpивeдeн пред луѓе, па ослободен“ (ФОТО)

Златна Бубамара: „Игор Џамбазов беше пpивeдeн пред луѓе, па ослободен“ (ФОТО)

Игор Џамбазов, нашиот познат актер и шоумен е исто така и музичар, тој има напишано и отпеано многу песни кои и денес ги пее на своите настапи низ цела Македонија.

Една од тие песни е и „Диши длабоко“, која ја имаато препеано доста млади музичари, а Игор Џамбазов еднаш раскажа како таа песна всушност настанала.

– „Диши длабоко“ е напишана 2000 и некоја во Кочани. Поточно во местото Гратче, тоа е она прекрасно езеро над Кочани со боја на маслинка. Напишана е за човек што се вика Зоки, таму попознат како Бисе.

Тој и јас, цел живот се викаме „Брату“. И кога ќе дојдев таму на гости, а тој ќе почувствуваше дека нешто не е во ред со мене, ќе го изговореше своето веќе легендарно „Диши длабоко, брату…“.

На крајот на едно лето, свиревме со бендот токму во неговиот град на „Деновите на кочанскиот ориз“. Но, Бисе не се појави. Сепак го видов. Во мобилниот на наш заеднички пријател.

Како прска со црево во некој двор, во некоја Англија, во некоја туѓина. Држи се, брату“, кажал Игор во едно интревју во Женски магазин.

Игор тогаш издаде книга која се вика „Улица диши длабоко“, а во тоа време, за својот за жал упкоен татко, кога беше уште жив, Игор за маестро Александар Џамбазов кажа:

– Маестро Џамбазов се уште доаѓа на сите мои премиери, важни концерти, промоции. Се уште ги снима сите мои појавувања на телевизија, без разлика дали станува збор за некој спот, интервју или најобична реклама.

Најмногу се радувам што ќе биде присутен и на промоцијата на „Улица диши длабоко“, затоа што книгата му е посветена токму нему, на мојот татко кој ме убеди да пишувам стихови“, рекол Игор па додал:

-Јас сум добар со здравјето, ама како здравјето да не е добро со мене. Па, ете не знам. Се трудам да ги почитувам препораките на моите лекари.

Редовна терапија, физичка активност, откажување од циг арите и алко холот. Се уште уживам во секое седнување со друштво, со гитара,добар муабет, и песна.

Тоа е за мене единствената терапија. Тоа е она што ми докажува дека сум се уште жив. Но, имам толку многу обврски што овие моментно се сѐ поретки.

Но кога ќе дојдат им се радувам како дете. Кога ќе дојде човек на мои години, со сето искуство на кое ме научил животот, тогаш сфаќам дека мојата најголема инвестиција во животот се моите пријатели, другари, колеги, познаници.

Се радуваме заеднички на секоја наша средба и сакаме ова никогаш да не престане. Ми недостасуваат многу работи.

Луѓето кои ми значеа повеќе од се, а веќе ги нема, ми недостасуваат летувањата во „Градиште“, зимувањата во Маврово, ми недостасува бифето на Драмскиот театар од неговите најсјајни денови.

Ми недостасуваат сите жени заради кои не сум можел со години да ги тргнам пеперутките во стомакот кои се разлетуваа секогаш кога ќе ги видев. Ми недостасува мојот град кој за жал повеќе го нема“, изјавил Игор Џамбазов.

На својот Фејсбук профил, Златна Бубамара на популарноста, стави слики од Игор Џамбазов, и пткри приказна за напиот познат актер, а со него на сликите е и колегата Сашко Коцев, кој ја води оваа манифестација.

-Игор Џамбазов беше приведен на десетата ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, кога 1500 гледачи беа осудени на три часовен при твор во културно поправниот дом Универзална сала каде беа приморани да се смеат, пеат и аплаудирааат со најголемите музички звезди.

Игор за кратко беше ослободен и ја отпеа преработката на антологиската „Земјо македонска“, стои во оваа објава на Златна Бубамара која годинава ќе се одржи на 16 март во „Борис Трајковски“.