Naslovna Zivot Ферус прозборе за свадбата на Жаре од Еден на еден- дали ќе...

Ферус прозборе за свадбата на Жаре од Еден на еден- дали ќе му свири?

– Јас владеам со својот инструмент, саксофонот. Ова во едно интервју за Точка го има изјавено кралот на народната музика, а тоа е Ферус Мустафов се разбира.

-Роден сум во Штип, таму учев музичка школа, а татко ми пак беше едниствениот и првиот во Македонија кој го внесе саксофонот во народната музика и така јас се навлеков и научив да го свирам овој инструмент.

Инаку штипскиот чочек е дело на татко ми, а јас продолжив по неговите стапки.

Во студио во Лондон снимав цело едно ЦД со чочеци, меѓу кои е и штипскиот чочек и таму, англичаните ме нарекоа Ферус Кралот и така си ја добив таа придавка.

Најголемиот хонорар што сум го добил досега беше во Франција, каде што настапував скоро со цела српска естрада, каде што заработив 180. 000 евра.

Ова е највисоката сума што сум ја добил некогаш и верувајте, чувството да се добијат тие пари за една вечер е неповторливо“, рекол Фесрус за Точка, а потоа кажал:

Јас знам да свирам 13 инструменти. Виолината ми е прв инструмент но не ја свирам баш, а најомилен за свирење ми е саксофонот.

Се трудев многу, вежбав и ете денес можам да се пофалам со одлична музичка кариера и доста успеси позади себе“.

Ферус во истото интрервју зборувал за модата, но и за жените и кажал:

-Омилени бои ми се црната и белата, онака ми се најдраги за носење. Имам многу сакоа, сакам да бидам така облече, со таков сталјинг во тие бои.

Јас сум црно-бел човек. Инаку имам многу гардероба, во сите бои од цел свет, но да речеме дека едноставноста е мојот заштитен знак“, рекол Ферус. За својата сопруга, тоест на прашањето колку жени имал, тој искоментирал вака:

-Е сега ме фати во небрано, ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам.

Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кр евет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван“.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…

Затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаат сите.

И не постои човек што не слушнал за него и за неговите магични прсти со кои неговиот саксофон ни ги дарува сите звуци на радост и среќа, како што е создаден самиот инструмент за тоа и како што се раѓаат вистинските мајстори што умеат со нив.

Таков еден си имаме и ние…еден и единствен – Ферус Мустафов“, напиша во една прилика БАлкан мјузик ТВ.

Инаку, Ферус е роден во Штип (20 декември 1950 година) во семејство на музичари и е син на познатиот Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

По вој ниот рок патот ќе го однесе во Сараево каде ја превзел водечката улога во експлозијата на популарност на народната музика што се случила таму во тоа време.

Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се “Глобус стил” и “Тропски”.

Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Во емисијата Еден на еден, ќе гостува Ферус Мустафов, а тоа можеме да го забележиме по најава што се појави за оваа емисија на социјалните мрежи.

Не се објавени многу детали за тоа што и како Ферус ќе зборува, ама тој ја има чепнато Лепа Брена и кажал: „Каква Лепа жена“ за неа. Ама на крајот од видеото, Ферус зборува за свадба.

И тоа не за било која свадба, туку за свадбата на Жаре од Еден на еден и му рекол: Чекај бе чекај ти, најде ли невеста? Прво најди невеста, па тогаш да ти свирам! Видеото од овој разговор можете да го видите ОВДЕ.