На 26 февруари ќе се навршат точно 19 години, откако македонскиот претседател Борис Трајковски кој беше омиелн кај народот, засекогаш си замина од овој свет.
Трајковски го заг уби животот во авионска неср еќа во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Целата јавност беше во неверување по оваа случка, а многумина и сега се сеќаваат на неговиот позитивен дух.
Трајковски е роден во методистичко семејство. Неговиот татко Киро, кој се упокои септември 2008 година, беше градежен работник кој служеше во бугарската арм ија.
Трајковски дипломирал во 1980 година со диплома по право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потоа, специјализирал закон за трговија и вработување и остварил неколку посети во Соединетите Американски Држави, каде што студирал теологија за да стане министер-поротник на методистичка.
Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи.
До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје.
Од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во владата предводена од Љубчо Георгиевски.
– Мојата визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба“, зборувал Трајковски во неговото последно интервју.
Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан кои сега ретко се појавуваат во јавноста.
Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.
Особено по неговото заминување, Вилма со децата уште толку се повлекоа од медиумите и никој не знаеше многу за нивниот животен пат, ниту пак како изгледаат пораснатите деца на некогашниот претседател.
Јавноста можеше да ги види единствено кога се оддржуваа годишнини од загубата на Борис Трајковски.
Сара беше тинејџерки, а Стефан дете во 2004 година. Сара денеска живее во Њујорк, и студираше на Универизетот на Greenwich.
Таа на Фејсбук објавува фотографии од дружењата со пријателите, како и од патувањата низ Америка и летните одмори.
Сара присуствува и на многу спотски натпревари, и по фотографиите се гледа дека е убава, среќна и успешна девојка.
Една фотографија е посебно емотивна од нејзиниот Фејсбук профил, и таа е црно-бела.
Сара е фотографирана до слика од татко ѝ, и на неа со еден збор раскажува што е она што го населила од него. „Го наследив од татко ми. Интегритетот и сè“, напиша Сара до сликата.
Сара ретко објавува фотографии на својот Фејсбук профил, а на една од последните кои ги објавила го има логото на Обединетите нации, а таа до оваа слика напишала:
– Прави го она што го сакаш, и ниту еден ден во животот нема да работиш“, стои во описот на фотографијата на Сара Трајковска.