Музичка ѕвезда Бојана Скендеровски секогаш знае како да ја привлече јавноста, а тоа најмногу го прави со своите песни и со својата појава. За една од своите песни „Зад завесите“, Бојана за press24.mk изјави:
„Зад завесите е песна која е смислена да допре малку подлабоко, и да не замисли што е она што вистински го сакаме, живееме и правиме зад завесите“, вели Бојана Скендеровски.
Секој пат сакам да го почувствувам пулсот на публиката, можеби некое мое издание ќе им се допадне повеќе или помалку, но и јас низ годините созревам, и се менувам, и сакам да експериментирам.
Но до одредени граници,многу големи и драстични промени во жанрови на музика не би правела, но за мене музиката е само добра или лоша, и не правам други поделби“; изјавила Бојана.
Бојана го одржала ветувањето кое го даде на крајот на мај минатата година, дека сериозно ќе се посвети на правење нови хитови, па така, по „Среќа и несреќа“, се создаде уште еден, предновогодишен хит, „Ми треба“.
Поп-пејачката на крајот од минатата година одржа промоција во Продукција „Скендеровски“, на двете верзии, македонската и српската, и за крај, ја испеа песната во живо, во придружба на бенд.
Одично се забавувавме додека го работевме спотот, и благодарам на Марјана Станојковска и на Ведрана Ѓорѓевиќ што по еден повик прифатија да снимаат со мене“, рече Бојана.
– Еуфоријата околу македонската музика,која беше многу популарна,и се слушаше во големи количини,деца кои трчаат по автограми,полни сали дури и на генералните проби.
Таа енергија,денес ја нема,малата застапеност на македонската музика по медиумите,си го зема данокот.Секое време си има свои идоли,но денес има некоја друга сцена,има друг стил.
Сè е на социјални мрежи,младите генерации имаат свои артисти кои имаат милионски прегледи по youtube,а всушност ги знаат само во кругот на нивната генерација,се слуша музика од надвор. Чудно е.
Јас растев со тие песни,тоа беа песни кои ги слушаше и старо и младо, златните времиња на „Макфест“, и затоа мојата огромна желба беше да ја снимам „Да си мерак песна“,од Бисера Валетанлиќ.
И на мое огромно задоволство,Марио Стојановски од група „Мерак“ ме покани да ја направиме преработката,со идеја да ја возобновиме,и да допреме до помладата публика.
Тој го направи аранжманот,и мислам дека ќе им се допадне и на помладите,а постарите ќе ги вратиме во едни убави времиња“, изјавила Бојана во една прилика во Женски магазин.
Познато е дека таа е сопруга на Васко Скендеровски и инаат две деца кои се викаат Искра и Ѓорѓи, а во една прилика во истиот медиум Бојана за сопругот кажа:
– Од многуте нешта кои ми се допаѓаат кај него, пред се најмногу ја сакам неговата несебичност, и тоа што тој е добар човек, пред сите други работи кои го красат како личност.
Тој е мојата најголема поддршка во се што работам, и кога и да помислам дека нешто не ми оди, или пак нема да успее, тој постојано ме потсетува дека треба да верувам во се што правам, и да бидам упорна“, раскажа Бојана.
По повод роденденот на Бојана, кој е на посебен ден- 14 февруари, нејзиниот сопруг Васко на Фејсбук раскажал приказна за нив, а и се обратил со овие зборови:
– Искра моја. Судбината не спои. Никој не може да не раздвои. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет, сета радост, сите успеси да бидат твои, и најмногу ти посакувам љубов!!!
Нека ти е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ. Твојот Васе“, стои во оваа објава посветена на Бојана од нејзиниот сопруг.