Naslovna Zivot Спенџарска кажа што мисли за бременоста: Така иде тоа, едно по друго…

Спенџарска кажа што мисли за бременоста: Така иде тоа, едно по друго…

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

-Мислам дека татко ми од секогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -‘Не, таа “професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш.

„Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема.

Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна.Ништо од мојот сон да станам принцеза, изјави Спенџарска во едно претходно интервју.

„И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија.

Еден од статусите на Јелена на кој жените позитивно реагираа вели: „Да не се лажеме, не се плашат мажите од силните жени. Се плашат од фактот што тие можат СЕ и без нив“.

„Некои недели се за НЕправење ништо! Истегање во кревет. Попладневна дремка.. Дукс и долен дел пижами…

Гледање цела сезона од омилената серија, без прекин, само да идеш до тоалет или до кујна по чипс или сладолед…

Некои недели се за боси нозе, книги и кафе. За шетање. Долго, во природа. И тишина, додека сонцето ти се одмара на телото.

Некои недели се за соништа, сонување, солзи, насмевки и долго туширање. За правење колачи додека ја бараш станицата на радио со омилените песни. Некои недели се за дишење!!! ДИШИ!“. порача Спенџарска и додаде во друг статус:

„Во мене понекогаш живеат две личности: Една која сака да оди по планини, пустини, на сафари, да јаде полжави и да скока со падобран и друга која сака да гледа серии и да се ‘дави’ со помфрит во замрачена соба !

Денес среќа па сум првата“, напиша Јелена под среќната слика. За емотивниот живот на водителката, познато е дека е во врска со дечко од Солун, со кој редовно се гледаат за викенди и празници.

Овие деноови хит во медиумите и на социјалните мрежи е поп-ѕвездата Ријана, која се врати на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на Суперболот, најгледаниот спортски настан во САД.

Но, хит е она што ријана го направи. Имено, пејачката по настапот потврди дека е вторпат бремена, а за време на настапот го покажа и го допираше стомакот.

Пред само деве месеци, во мај минатата година, таа и нејзиниот партнер, Ејсап Роки за прв пат станаа родители и му посакаа добредојде на нивното прво дете.

Ријана речиси целата бременост ја држеше во тајност. Светот дозна дека е во блажена состојба во последните месеци, исто како и сега.

Токму овој потег на Ријана, го искоментира Јелена Спенџарска и кажа што мисли за бременоста.

-Така иде тоа, едно по друго, браво Рири, напиша Спенџарска на Инстаграм стори и со тоа го кажа своето мислење, па да се надеваме дека наскоро и таа ќе не израдува со слични вести за неа.