Сања Савеска во „Брза кујна“ дојде на местото на Александра Илиевска, која се повлече поради тоа што стана мајка, и сега веќе води трета сезона по ред.
Според Сања, Тв водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.
„Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците. Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со л оша дикција и недоволно подготвени за интервјуата.
Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.
Таа е една од ретките наши водителки кои имаат земено изјава од Новак Ѓоковиќ, и изјави дека цел живот ја чекала. Сања е хумана, и многу сака да им помага на луѓето. Еден од нејзините омилени ликови за инетервју е Јане Велковски.
Отсекогаш била воодушевена од актерството, па затоа и била дел од актерската школа на Димче Мешковски. За него вели дека има огромна улога за она што е денес.
„Самата проценив дека немам голем актерски талент и дека тоа не е професија во која би била среќна, па во последен момент ги избрав политичките науки и така завршив на Правниот факултет во Скопје“, искрено вели Сања.
Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор.
Но, за љубов на својот сакан, Сања го надмина и стра -вот од мотори. Се за љубов! За возврат, тој со неа оди на театарски претстави.
Сања за Женски магазин ја раскажала љубовната приказна со Томи, за тоа како го има запознаено и како го засакала, но и тој неа.
-Беше тоа една прослава на заеднички пријател каде што и двајцата бевме поканети. Искрено, тој ден бев многу уморна и не бев расположена да одам, но сепак одлучив на кратко да се појавам.
Таму се појави и тој. Ми пријде и се запознавме. Не му го слушнав името и не знаев ни како се вика, пред да си одам ми побара број, од што бев збунета му го кажав мојот стар број од пред 10 години.
Јас си тргнав дома додека другите продолжија со забавата, а на заминување ја прашав една заедничка пријателка како се вика. Кога стигнав дома сфатив дека сум му дала непостоечки број.
Баш убаво си реков во тој момент “комплимент” сама на себе (се смее). А тој, Томи, ни Фејсбук, ни Инстаграм немаше. Но, сепак тој успеа да ме пронајде и започнавме убава дружба која брзо прерасна во врска“, кажала Сања.
Потоа, раскажала за еден момент што не можеле да го поминат заедно, а тоа е Денот на вљубените, а раскажала и зошто:
Денес и двајцата сме на работа, јас снимам Брза Кујна а тој е дежурен во болница. И нема да го чекаме следниот 14ти Февруари за да си подариме внимание и љубов. Со вистинската личност, секој ден е ден на љубов“, кажала Сања.