Naslovna Zivot Родителите на Маја Панчева не ја давале за Дарко- пејачката откри досега...

Родителите на Маја Панчева не ја давале за Дарко- пејачката откри досега непозната приказна

Маја Гроздановска- Панчева многу пати има докажано дека е една прекрасна дама, со многу љубов во себе, подеднакво енергична и забавна како од времето на „Мачка со девет животи”.

За себе денеска ќе каже дека е целосно исполнета, времето најмногу сака да го поминува со сопругот Дарко и нејзините прекрасни ќерки Марија и Надица“, објаво Фешнел во една прилика за Маја.

Мислам дека изреката „Човекот учи додека е жив” е точна, но однесувањето и одлуките кои се носат во животот, секако дека зависат многу и од домашното воспитување.

Научив дека треба да си позитивен, да почитуваш и секако дека тоа луѓето ќе знаат да го ценат. Прави секогаш добро, а лошо никогаш.

Свесна сум дека годините си врват, но никогаш досега тоа не ме оптоварувало. Знам дека староста треба да биде дел од животот на секој човек и спремна сум тоа да го прифатам“; кажала Маја за овој медиум.

-Најсакана песна и после толку години ми е песната испеана на Охридски трубадури 1998 -ма година „Дај ми да заспијам „. Не добив награда, но публиката ја награди премногу. И досега после точно 20 години таа ми е најомилената песна.

Инаку, од многу скоро настан кој целата ме обзеде е настапот со Феми Кути, кој беше во тек на јуни месец во Градскиот парк.

Таа музика, тој професионален однос на групата на овој врвен африкански музичар, беше прекрасно и незаборавно искуство. Добив нова енергија нешто што е убаво да се доживее и не се заборава“, се присетлила Маја во едно интервју за Кул арт.

Маја, во интервју за Еспресо.мк раскажала се за нeјзината љубовна приказна со Дарко, ама и за тоа како за прв пат го видела кога тој бил славен, а таа дете.

– Се сеќавам на тој момент, тоа беше првото негово појавување на МТВ во емисијата „Автограм“. Бев мала за да имам некое посебно мислење за него, но се сеќавам дека со моите другари собиравме сликички од него.

Маја за сопругот, фудбалската легенда Дарко Панчев кажала дека не ѝ било ни на крај памет дека во живот ќе го запознае, а потоа, нашата позната пејачка се потсетила и на денот кога се запознале официјално.

Тоа се случило во еден познат локал кој го држел Дарко Панчев, а Маја таму излегувала, а во оваа приказна бил „вмешан“ и нејзиниот брат, а приказната опди вака:

– Во неговиот локал работеше еден мој другар и другар на брат ми, каде што одевме често да го посетиме. Таму го забележав за првпат Дарко којшто беше претпознатлив на свој начин.

По кратко време ме изненади и ми пријде на терасата од кафулето. Ми кажа дека ме гледал на „Макфест“ и дека бил пријатно изненаден од тој настап.

Така некако почна нашето запознавање и пријателски однос, кој понатаму се разви во многу повеќе заради привлечноста која ја чувствувавме и двајцата еден кон друг.

Знаејќи го неговиот статус, долго време го одбивав да излеземе, но почнав да му верувам сѐ повеќе и на крајот попуштив“, рекла Маја за Еспресо.мк и продолжила:

-Заради моето домашно патријахално воспитување, реакцијата на моите родители не беше многу позитивна заради неговиот статус, но на крајот и тие увидоа дека се работи за нешто сериозно, и дека на крајот љубовта секогаш победува“, се сеќава Маја.