Naslovna Zivot Овој животен момент за Ленче Кукиќ бил како лото- тешко ѝ било...

Овој животен момент за Ленче Кукиќ бил како лото- тешко ѝ било да се одлучи како да продолжи

Пејачката Ленче Кукиќ е долги години на нашата фолк естрада, позната по своите песни и начинот на изведба. Таа е сопруга на музичарот Горан Кукиќ.

Музичката двојка Горан и Ленче Кукиќ, поранешните победници на шоуто „Никад није касно“, влегоа во 2023 година работејќи и пеејќи во Скопје, каде им се случи една несекојдневна ситуација која ги натера на нешто сосема поинакво.

-Тоа беше одлично. Јас и Ленче пеевме на новогодишната ноќ на плоштадот во Скопје, имаше девет пејачи, Скопски боеми, Мерак мена, Ферус Мустафов, Елена Ристеска.

Времето беше многу добро, плоштадот преполн, навистина бевме изненадени, беше одлична атмосфера – ја започнува приказната Горан и открива кого прв бакнал на полноќ.

-Прво ја бакнав колешката Елена Ристеска, па отидов да ги бакнам и да им честитам на сите мои колеги на сцената – призна поранешниот победник за Гранд онлајн.

-Струмица е мало градче, личи на Лондон, во него има триста чуда, па и ловен дом“, ова го кажаа Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ кога гостуваат во емисијата „Мастраф муабет“. Таму раскажаа и многу досега нечуени нивни приказни, и за тоа како се имаат запознаено.

Ова била стара струмичка песна, и Ленче рече- тоа значи дека супер ќе се осеќате во Струмица, и ја прошетаа новинарката низ струмичкиот парк.

Потоа, ги прашаа дали на тоа романтично место, во паркот крај езерото се имаат запознаено. И Горан кажа:

-Во Струмица на улица, малку понагоре, ама тука. На струмичкото корзо. Па, мислам дека јас прв ја забележав“, рече Горан, а на ова Ленче одговори: Јас. И јас сум фрлила око, и он фрлил, и хоп- нашле се.

И љубов, и ете, денес сме заедно“, рече Ленче, а потоа заклучија дека се заедно 30 години и за нив немало трачеви и ска-ндали, и го открија рецептот за нивниот успешен брак.

-Јас секогаш викам дека љубовта е она првото. Ако има во сите сфери значи, ако во сите работи се прават со љубов, тогаш има и успех. Па дури и во бракот, ако има љубов, ако има разбирање, има се.

Тоа е единствениот збор кој го одржува бракот, па дури и разните работи за било што. И, ако пееш- пееш со љубов. Се осеќа тоа“, рече Ленче, а Горан потоа ја дополни:

-Секогаш мора да има баланс. Некогаш од моја страна, некогаш од на Ленче страната, бидејќи два остри камена не мелат брашно што велат старите.

И ако не попуштаме, некој пат она ми попушта, некој пат јас ќе ѝ попуштам, и тоа а фактички формулата за опстанок.

1:1 рече Горан, а потоа Ленче додаде: Толку сме посакувани од нашиот народ од Струмица и околината, и сме имале прилики да одиме кај сакаме. Ама сепак, се враќаме дома.

Еве, во последно време, се случи тоа да земеме куќа во Босилово. Општина Босилово, тука е на 7-8 километри од Струмица. Ги посакуваме и руралните средини“, рече Ленче.

Ленче пак во една прилика изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.

Секогаш си веле: Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент“, изјави Ленче за ТВ Сител, а потоа додаде:

Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.

Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.

И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага“, кажала Кукиќ.