Пред две години кај поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски, токму на почетокот од 2021 година, се случуваше вистинска љубовна драма.
Тој на необичен начин на Фејсбук, со јавен статус објави дека се разведува од својата сопруга Агнеса. Оваа информација, тој ја сподели нарекувајќи на Агнеса „фотошоп барбика“.
Тој рече дека Агнеса се оладила од него оти веќе не е директор. Поводот за објавата беше роденденот на неговата ќерка.
По ова се огласи и Агнеса со изјава за „Фокус“. „Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи!
Таа додала дека со Ордановски се во брак 18 години и проблемите треба да ги решат меѓу нив, цивилизирано, а не јавно.
Потоа, по неколкумесечна јавна преписка, тие и официјално ја завршија својата врска, својот брак, на цивилизиран начин. Роберт Ордановски тогаш на социјалните мрежи напиша:
„Конечно заврши повеќемесечната сага… Агнеса Органџиева, ти благодарам за 19те прекрасни години и за принцезите што ми ги роди, ти посакувам се најдобро во животот… А јас, јас продолжувам по својот пат“, напиша Ордановски на социјалните мрежи.
Агнеса гостуваше во естрадниот магазин Бекстејџ и замина на вечера со новинарот од оваа екипа. Во интервјуто, таа зборуваше за тоа како жените треба да се однесуваат кога се на вечера со маж.
-Кај спротивниот пол, значи многу ми е битно како седи, како се понаша со мене, бидејќи јас стварно си имам барања и очекувања, така сум воспитана од домашните.
Со маж седам втор пат, ако знам дека кога ќе ми е празна чашата, ќе ми ја наполни.
Кај нас дома се забранети лоши зборови, може некој ќе каже дека лажам, ама едноставно кај нас, тоа е забранета тема. Значи, во ниеден случај, не се споменува.
Сепак се трудам, моите родители што ме имаат воспитано да го пренесам тоа и на мооите две ќерки, и мислам дека сум успешна во тоа и умешна“, рече Агнеса, а потоа новинарот ја праша:
Постои ли некое омилено бон тон правило што го практикува кога е на вечера.
-Кога сум на вечера да. Да им пренесам на девојките, посебно на младите, гледам, сакаат да станат дами, ташната значи никогаш не се остава на маса. И сега, на ваква убава храна, ти да ставиш ташна на маса, значи не е во ред.
Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја.
Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса. Потоа коментираше дали има џентлмени во Скопје.
-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.
Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.
И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања не.
Агнеса сега е една од главните инфлуенсерки кај нас и е често присутна во медиумите, а Орданоски живее попвлечен живот, но на социјалнките мрежи пернува доста слики од своите ќерки.
Како што е познато, постарата ќерка Вивиен е на студии во Словенија, а помалата Тифани е во Скопје и Роберт доста се дружи со својата ќерка.
Но, тој ги нема избришано фото спомените со својата поранешна сопруга Агнеса, уште ги има на неговиот Инста профил. Има тука и семејни слики, но и некои каде што се сами тие двајца.
Една од нив доста внимание привлекува, а на неа, Роберт како џентлмен ѝ сипува шампањ и до сликата напишал: Џентлмен Боб и неговата убава дама Агнес.