Naslovna Zivot Носела детска облека, зашто многу ослабела и се ѝ било големо- Кате...

Носела детска облека, зашто многу ослабела и се ѝ било големо- Кате од Нели ти реков раскажа една неверојатна приказна

За нашата позната фолк-пејачка Катерина Танева или позната како Кате од „Нели ти реков“, знаеме дека е семејна жена која е посветена на своите најблиски, но посветена е на домот, и секако на музиката.

-Јас како девојче од 18, неполни 19 години почнав да пеам и порано бевме многу ангажирани со работа и како што кажав се прибирав во 4, во 5, порано немаше од до, до колку траат забавит“, раскажа Кате во една прилика, за ТВ Сител.

Моите ме оставаа да си поспијам, зашто за гласот е најдобар лек сонот. Кога ќе станев јас, не ја гледав мајка ми што готви, но несвесно сум научила.

И кога се омажив не побарав помош од мајка ми и почнав да експериментирам во кујната и кога имам гости на ручек ги имам сите пофалби“, рече Кате.

Кате раскажа и какво било времето на уметниците во Југославија. Јас кога бев дете тогаш се слушаа забавњаците од бившите Ју простори: Магазин, Зана, Бијело Дугме, Нови Фосили, и сум сонувала и јас да бидам голема бина, луѓе да ми аплаудираат.

И за голема среќа во деведесетите, македонската музика почна многу да се слуша. Јас го затекнав тој период кога во подем беше македонската народна музика.

Можам да кажам дека публиката брзо и лесно ме прими, луѓето многу не почитуваа и се однесуваа со нас како ѕвезди, а за жал денеска не е така.

Му благодарам на Господа што тој убав момент го дочекав. Кога настапувавме во ресторан, немаше столче празно.

Си излегуваа луѓето фамилијарно на вечера, на музика, и сите беа среќни и весели, задоволни си одеа. Многу поубаво и поинакво време, сега е тоа што е“.

Потоа, водителката рече дека Кате пеела на свадби на уредникот во Сител Валентин Николовски, и ја праша Кате на кои други свадби на познати личности пеела, а таа одговори:

– На многу, на водители, и политичари и доктори, а на Тино свадбата, прекрасна беше. Порано се правеа многу големи свадби, со 400-500 гости, сега за жал се прават со помалку гости. Но, полека-полека се враќаме, почнавме да работиме. И малку поскапе животот..

За ТВ Сител, Кате раскажа и дека ако шета таа сака да е со сопругот и со децата, затоа ѝ е најдобро да седи дома со нив. Раскажа и дека од тага дека не е со семејството, кога била а турнеја во Австралија, во 2011 година многу ослабела.

-Тоа беше дочекот на 2011 година, колегите ми кажаа дека таму ќе бидам за Нова година и за стара Нова година, и ајде некако прифатив, затоа што јас од ова живеам, да се зарботи некој денар.

Кога стигнавме на аеродромот, не пречекаа нашинците, не сместија во една куќа, изнајмена само за нас. И кога стасавме до куќата, жената што не однесе ни вика: Еве, ова е ваша куќа, 70 дена е само за вас.

И јас сега си викам: Чекај, 70 дена? Си викам, изгледа ошеметена од летот, од авионит не слушнав. Утредента, кога ги прашав колегите: Колку време сме тука?

Кога ми кажаа два месеци, кога сум се изнервирала, малку се замерив со нив, си го кажав своето… Затоа што тогаш малиот ми беше 4 години, девојчето 8 години.

Ми беше тешко да ги оставам. Не спиев ич, само кафе, цигари и сум ослабела. А се погоди едно поладно лето, а јас носев само летна гардероба, па одев по бутици да земам нешто потопло, детските броеви ми беа големи.

И кога се вратив од Австралија, сопругот кога ме виде, бев половина од тоа што отидов.

И ми вика: Невесто, јас пак ќе те пратам во Австралија, пак да се вратиш на линија“, рече Кате која одбила многу понуди за настапи затоа што не сака да се одвојува од семејството.

Рече дека досега била и во Америка и во Канада, но гледа да е пократко, бидејќи не сака да се одвојува од децата, зашто не е се во парите.