Нечиста облека, високи потпетици и вештачки трепки се дел од работите што им беа испратени на жрт вите од земј отресот од други делови на Турција и ги налутија луѓето задолжени да ги подредат пакетите со помош“, објави Вечер прес.
Поради лошите временски услови, но и поради фактот дека голем број луѓе сè уште се на отворено, веднаш има потреба од храна, средства за хигиена и топла облека.
Фото: Freepic
Но, многу од облеката што ја пронајдоа во пакетите со помош ги налутија волонтерите. Меѓу предметите се сандали, вечерни фустани, корсети, костими за капење, летна облека и високи потпетици“, стои во текстот на Вечер.
Ова на Фејсбук го искоментира Марија Лозаноска, нашата позната писателка и уметник, инаку сестра на пејачот Влатко Лозаноски која вели:
-Никогаш не сум сакала да бидам паничарка и секогаш сум сакала да бидам на страната од Господа и на убавите работи.
Сликите и вестите од природната ката стр офа што се случи деновиве се срцепар ателни. Не ми се пуштаат вести, не ми се отвораат социјални мрежи, не ми се зборува со луѓе за тоа, гледам да одминам затоа што сум преемпатична и срцето ќе ми се скрши.
Повторно гледам по интернетов како има препукувања за тоа кој, како и зошто помогнал и јасно ми е дека од ова ќе произлезе огромна хав арија, најмногу поради помошта која ја испраќаме.
Не верувам дека во моментов им се толку потребни пари, колку што им се потребни спасувачи, физичка сила и конкретни предмети. И да стигнам до мојата поента: овде е најпотребен само Господ!
Кај што ќе допре Тој, таму ќе има спас… Им пратил воздух, предмет да ги држи, спасувач да ги најде – ништо друго.
Овие моменти се да видите до каде е човештвото. Дека за глупостите за кои постојано се занимавате немаат никаква вредност, дека треба пред сè да сме верници и луѓе.
Нема да помогне вашата ниска феквенција на на пад за тоа кој не помогнал, туку кога ќе се возвишите со молитвата ‘Господ да ни помогне!’
Верниците знаат зошто ова се случува и не му се лутат на Бога.
Оти Бог нè сака и ќе ни помогне. Овие моменти го креваат човештвото и добро нè потсетуваат дека треба да си помагаме како што Господ рекол“, вели Марија.
Во свој друг статус, таа го коментира моментот со помошта во вид на штикли: „Во моментов им се игра оро во ‘Туркије’, па затоа им донирате штикли и фустани.
Во Турција (не знам од кај го измисливте тоа Туркије) е вон редна состојба, ладно им е…, имаат потреба од брза хигиена, имаат потреба да се вратат од таа незамислива тра ума.
Ако донирате, донирајте производи за хигиена, нова до лна облека, топла облека (да изгледа пристојно), донирајте пари, а и не мора да донирате ништо.
Не си го чистете ѓубрето од дома. Господ нека им помогне!“, стои во статусот на Марија Лозаноска.