Драгица Стевковска – Дракче е познат лик од ТВ екраните, најмногу препознатлива по нејзината некогашна авторска емисија, “Патот на светлината”.
Неуморен, ведар дух, секогаш со разбирање за проблемите на гледачите, на кои секогаш се обидува да им помогне.
Познати се исто така и нејзините карвани, патувањата кои таа своевремено ги организираше за своите пријатели и гледачи, патувања на кои се посетуваа манастири, имаше многу дружење и позитивна енергија.
Но, малкумина знаат дека Драгица во својот живот има поминато низ гол гота, борба со ка нцер на матка, кој го имал зафатено и нејзиното дебело црево и бешика! Но со многу верба во Бог, Дракче излезе посилна.
Во минатото, Дракче во статуси на својот профил на социјалните мрежи, ги искажуваше најдлабоките емоции, веројатно поттикната од нанесена неправда, од свои блиски луѓе.
„…Функционери. .Политичари.. Наречени менаџери.. Еј имате ли деца. Во телото срце имате ли семејства сте помислиле ли дека за вашите нечовечности ке страда некој невин..
Како може да живеете со бедни лица а богати конта во банки додека пред вас доагаат луге во искушенија страдања болки и бараат чесен живот.
Никогаш не колнев зошто е грев.. Зошто сум набожна жена зошто имам срце. Порака до вас. Верувајте залчето леб еден ден ке ви остане во грло. Бездушност на секаде.. Безличност…
Јас, најпозитивната личност во срцето носам болка за секој кој е борец….
И помислете јас дракче илјадапати посакав Бог да ми ја земе душата и не сакам нити г ро бот да ми се знае.
Разочарана од нечовечкото во тие што треба да се човечни и хумани. Господи гледај.
Денес ке бидам уште погласно и јасна. Вие сегашни фарисеи сте помислиле ли дека овоземниот живот е минливост кај некого подолг кај некого пократок. Но тој другиот живот во кој ке патуваат душите е бесконечност…
Е таму драги мои, не можете да си купите ниту плац ниту палата таму бог ке ве смести според земното живеење и дарување…
На вагата од Свети Петар нема да ви стојат фотељите ниту пак функциите туку ке стојат душите.. Што мислите ако сиромашните немаат пари и имот тие немаат душа…“
Драгица Стевковска Дракче, во секоја прилика, кога зборува за здравјето, не заборава да напомене дека секогаш кога поминувала низ пpeмpeжја во животот, се молела и Бог ги ycлишувал нејзините молитви и и’ помагал.
Вчера Дракче објави слика од пред црква и порача од што никогаш не би се откажала:
„Постојат 2 работи од кои никогаш нема да се одречам. Тоа се моите деца и ГОСПОД..“