Naslovna Zivot Зоки Фаци откри што и кажала Антониа Гиговска на Хелена Роза во...

Зоки Фаци откри што и кажала Антониа Гиговска на Хелена Роза во лице (ВИДЕО)

Познатиот водител и инфлуенсер Зоки Фаци, многу често знае во јавност да ги кажe работите кои многумина само ги мислат.

Зоки Фаци сега повторно учествуваше во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров кој траеше цели 3 часа и откри многу работи за себе, за неговите тешки битки, но и некои не толку познати работи за нашите пејачки и старлети.

Лазаров го праша Зоки кои се најлицемерните ѕвезди во Македонија, а Зоки одговори:

„Сите. Јас би ја издвоил Елена Ристеска. Со неа не зборам со години. Јас не знам зашто со таа девојка не зборам, последен пат се испоте павме, тоа беше глупост.

Вака, Елена Ристеска се мажи, ми беше комшика во Ново Лисиче. Јас дознавам и одам со камера. Ја испраќаме невеста, зетот. После неколку години се разведува и јас пишувам дека се разведува, објавуваме и ми вика, зошто објавуваш.

Па, сестро, ти си јавна личност, не е мајка ти. Епа не можеш само убави работи. Е, сега скоро дознав дека наводно пак се омажила тајно.

Викториа Лоба, со неа не зборам. Кога бев во 1ТВ, напиша текст на нејзиниот Фејсбук дека најгадни новинари во Македонија се Васко Спасоски и Зоки Фаци.

Чекај, мори сестро, па со мене почна кариера. Јас ѝ вратив, се сеќавам. „Драга моја, Викториа Лоба, ти почна кариера со мене, не заборавај кој ….. за да дојдеш до ова“.

Сакам да кажам, тоа се луѓе неблагодарни. За разлика од Калиопи, ја имам извадено од ситуација во Будва, каде што го водев фестивалот во живо.

Новинарите од Србија не ни знаеја која е Калиопи. Јас ѝ реков ај испеј ја Калиопи, „Бато“ на клавир. Таа пее и свири, таа до ден денеска ми е за тоа благодарна.

Нашиов народ ги интересира политики, а не ги интересира на пример, дали Викториа Лоба е бремена. Jaс имав канцеларија во Ексклузив во А1. Доаѓа Викториа Лоба едно насабајле и вика девојчево, ај пробав да ја направиш, добро пее малата.

Изгледаше убаво. Носеше некое ЦД, мојата нова песна и ја го гледам ЦД-то и го фрлам вака во корпа и она си отиде по скалите. Ми се јавува Хеди, ми вика која е малава, викам сака да биде пејачка, ми вика не е лоша, ај викни ја горе.

Хеди ја бендиса, после таа нивна средба, Викторија Лоба беше на сите емисии во А1 телевизија.“

-Што мислиш за Антониа Гиговска? – праша Лазаров по барање на гладачите.

„Интересно. Вака сега, застани. Јас се среќавам со нејзе и Хелена Роза беше дојдена од Нов Зеланд, бевме гости на Канал 5 со Јелена Спенџарска, кај нејзе во емисија и Антониа Гиговска како млада пејачка.

Водителкава ме прашува мене, вика Зоки што мислиш за малава и јас викам, слатка е ама тој имиџ што го носи, како што е облечена, не ми се допаѓа. Ова е кога имала 17 години.

И татко ѝ во публика. Фантастичен глас, секоја чест, убава, интересна ама имиџот не ѝ е за певачица. И Хелена вика, се согласувам со Зоки и мене не ми се свиѓа како е облечена, не е ова што го презентира за шоу бизнис.

И она како што седеше, како што памтам и ѝ се дрзнува да ѝ каже на Хелена, „Ау, јас не сум таква“, а Хелена вика „А каква сум јас? и она тука се сепна.

Поминаа години и јас ја гледам, скроз гола, разголена, гледам дете ќе раѓа. Не викај не сум таква, мора да бидеш. Сега изгледа супер, атрактивна е, интересна е, необична, рече Зоки за Антониа.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.