Naslovna Zivot Стефан од „Некст тајм“ со емотивна порака за оваа жена- сликата кажува...

Стефан од „Некст тајм“ со емотивна порака за оваа жена- сликата кажува многу (ФОТО)

Патриотски песни, кои беа подзаборавени кај народот, со цел подобро да ги запознаат младите – тоа е описот на новиот албум на близнаците Стефан и Мартин Филиповски од Некст Тајм, со емотивен наслов „ Мајка“

– Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија.

Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци.

Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија“ изјавил Стефан Филиповски, вокалот на Некст Тајм кој не ги штедеше убавите зборови за нивната мајка Сузана, а ова го објави Женски магазин.

Медиумите наголемо пишуваа за концерот на „Некст тајм“ кој се случил во декември минатата година во салата „Борис Трајковски“, и сите го нарекуваат спектакл, зашто салата била полна, и ситее пееле во еден глас македонски комитски песни.

Двочасовниот спектакл го отворија со „Нешто ќе те питам бабо“, а уште на првиот такт ја наежија публиката со изведбата. По оваа песна, почнаа да ги редат песните кои го сочинуваат нивниот студиски албум „Мајка“.

Публиката посебно се распеа на „И ние сме деца на Македонија“ и во еден глас ги пееше со Стефан стиховите од оваа безвременска песна.

„Чекавме 15 години за во ваква голема сала да одржиме концерт. Ви благодариме на сите што ја поддржувате македонската музика, затоа што во ова време ѝ е многу потребно на Македонија да се одржува културата и традицијата.

И ние и вие сме главна причина што оваа причина уште трае. Да сте живи и здрави“ – кажа Стефан кон средината на концертот и им се заблагодари на сите присутни“, напиша Женски магазин.

Два часа спектакл приреди братското дуо „Некст тајм“ вчера во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде го заокружија проектот „Мајка“.

Стари и млади, песната на Мартин и Стефан ги обедини сите љубители на македонската комитска песна“, стоеше во извештајот на ММС.

Концертот доживеал кулминација на песната „Ја излези Ѓурѓо“, на која членовите на навичката група „Комити“ зап алиле бакљи и со овој чин им покажаа на браќата дека им се благодарни што и на помладата публика ѝ ги доближија овие песни.

Освен Николче Мицевски, Гоце Димовски и членовите на нивниот бенд, специјален гостин на концертот беше и Влатко Лозаноски – Лозано, кој го отпеа својот хит „Километри“.

Стефан, заедно со него во дует уште еднаш ја испеа „Ја излези Ѓурѓо“ и покажаа колку моќно звучи оваа песна кога тие двајца ќе ги вкрстат гласовите.

По овој концерт, се огласија Стефан и Мартин на Фејсбук со емотивна порака.

– Чекавме 15 години за ваков магичен момент, момент што не се опишува со зборови можеби ниту со слика, едноставно е врежано во нашата душа и меморија, која што вечно ќе ја носиме во нас.

Благословени сме што ве имаме и среќни што ни давате можност нашиот сон музички да го живееме на волкава сцена. Големо благодарам за нашите гости Лозано – Влатко Лозаноски , Виктор Ангелов.

Ви благодариме од срце. Огромна благодарност до нашиот бенд Бранко Сарампалев, Коста Ановски, Александар Џигер Ванчовски, Маррио Станковиќ, Влатко Крстев, Гоце Димовски, Полина Тасева, Благојче Стојчески, Дејан Теодосиевски, Антоние Весковски. Продукција- Иноватива груп.

Tон мајстор: Ивица Јанкуловски. Mониторинг Давид Матевски. Посебно огромно благодариме на Маестро Никола Мицевски за се што направи за нас и македонската музика.

Ве сакаме Македонијо, не застануваме тука ова е еден огромен мотив да се докажуваме уште повеќе.

Најголемото благодарам иде за вас публиката, ВЕ САКАМЕ. ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА!!!“, пишуваше во објавата на Мартин и на Стефан Филипвоски на Фејсбук.

Стефан на неговиот Инста профил, на стпри објави слика од својата мајка Сузана, и ѝ го честиташе нејзинјот роденден. Среќен роденден мајко, мајчице- напиша Стефан.

Тој објави една емотивна слика како пее, а неговата мајка Сузана Филиповска дошла да го прегрне на сцената.