При крајот на минатата година, д-р Милан Ристески, кој ѝ е сопруг на пејачката Ребека, се пофали со достигнување на својата сопруга и рече дека е горд на неа, а таа оваа објава ја сподели и на својот Фејсбук профил:
– Во организација на Жени Претприемачи, во Музејот на Македонската револуционерна борба, денес се одржа петтото издание на изборот на Жена на годината.
Во избор на 10 категории, со преку 400 номинирани жени, а во категоријата Најголеми достигнувања во развојот на општеството.
Мојата љубов, од 4 жени во истата категорија, според избор на ФБ гласачката популација, ја освои наградата за Најголеми достигнувања за општеството, за што цели 15 години напорно работи, жртв увајќи ја свесно својата кариера.
Горд на Ребека Јанковска- Ристески“, напиша Милан на свијот Фејсбук профил Секоја чест за Ребека и за нејзиното семејство!
Ребека и Милан Ристески се еден од најскладните парови во нашата јавност. Ребека и Милан се родители на три машки деца: Маркија, Макариј и Доротеј.
Кога прославија годишнина од бракот, Милан кој инаку во јавноста се експонира само поради својата работа како лекар, ѝ посвети неколку убави реченици на својата сопруга на Фејсбук.
-На денешен ден, 2006 година, жена ми и јас на нашата венчавка. Во Ноември 2006 се породи и пак си се врати во форма, потоа, во 2013, пак се породи, и пак се врати во форма.
Јас никако да се породам…Шега на страна. Ти благодарам љубов моја, што ме трпиш, иако не сум лесен за трпење. Те сакам исто како и во 2006, и во 2013, напиша Милан тогаш.
Маркијан, најстариот нивен син е роден во 2006 година, а потоа ги усреќија и близнаците, Макариј и Доротеј кои се родени во 2013. Ребека во една прилика има изјавено колку Маркијан ги сака и ги чува своите браќа.
Ребека раскажа како почнала нивната љубов, и призна дека била турболентна, минатата година за порталот ММС.мк. Сепак, таа и Милан ги поминале сите препреки и денес се заедно, среќни и побогати за уште три члена.
-Оф, многу има за кажување. Навистина има многу работи. Но, најважно од се е почетокот на врската. Кај нас се случи хемија.
После секој нов ден понатаму е тест. Првата година врската ни беше падни стани, но Мики беше доста упорен ама издржа. Упорен и забавен, мудар, секогаш знаеше што да направи.
Ми носеше ружи, па јас и ден денес во кутија ги чувам латиците од ружите. Навистина е потребно љубов и разбирање, и секако компромис.
Нема врска без проблеми само што треба да смири топката а тоа да го сакаат и двајцата. Ако има љубов секој проблем се решава, се балансира.
-Имаше периоди кога јас многу патував и настапував а сега е обратно. Јас повеќе сум дома а тој работи. Се треба да се надмине. Јавноста ги знае нашите проблеми, отворено зборев за состојбата за нашиот син Маркијан.
Ете тоа нам ни беше тест. Во такви ситуации многу од браковите не успеваат, сум читала дека 80 проценти од браковите не успеваат. Но, ете ние успеавме. Затоа пак ке кажам ако е тоа вистинското ќе биде. А нас ете не бидна.
Можам да кажам дека нам тоа и ни ја зацврсти љубовта. Кај нас немало женско- машки работи и дома и надвор.
Се задно сме работеле кој кога може. Затоа кога ја има љубовта годините си поминуваат и не ни забележуваш колку поминале“, рече Ребека за ММС.
За уште една своја годишнина, 15-та, Милан го сподели претходниот статус, а Ребека напиша неколку реда за него:
Едно сме. Љубов чиста многу милна. Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години. Денес 15 год.од бракот пред Бога.
Се уште си тука“, напиша Ребека за својот Милан. Таа ја сподели нејзината постара песна која се вика Едно.
Ребека на Фејс објави повеќе стари фотки од својот татко Благоја, и раскажа една емотивна приказна за упкоениот родител:
-Благодарение на хобито на мојот татко Благоја, кој патем беше одличен новинар и сликар, имаме илјадници фотографии од детството, а црно белите фотографии татко ми дома ги развиваше, во кујната и тоа за мене беше вистинско доживување.
Прозорите покриени со ќебиња, фотографии насекаде распослани. Најпрво во некоја течност ги ставаше, а потоа ги редеше по масата и на јажиња со штипки.
Магија беше тоа. Татко ми го доживував како некој маѓепсник и едвај чекав следно развивање на фотографии.
Патувавме многу насекаде по светот со фиќото, а потоа со нашиот 101 Застава. Замислете ја поминавме цела европа 2 пати со Застава. Првиот пат тоа беше 1980 година.
Благодарна за сите прекрасни, невообичаени патувања“, напиша Ребека и шерна еден цел албум со слики од неа со мајка и и со татко ѝ и сестрата ѝ Хелена.