Naslovna Vesti По одлуката на судот да се прифати обвинението за Жан Митрев, се...

По одлуката на судот да се прифати обвинението за Жан Митрев, се огласија од клиниката

Познати се настаните во врска со д-р Жан Митрев, по објавувањето на сторијата на ИРЛ, минатото лето.

Доктор Жан Митрев на 28 февруари ќе седне на обвинителната клупа откако Советот за оценка на обвинителен акт при кривичниот суд Скопје донесе одлука да го прифати обвинението против Митрев и неговата приватна болница како правно лице. Предметот го води судијката Лидија Петровска.

– По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките. – изјави Основен кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Митрев на 10 јануари, тој се гони за кривично дело измама, а поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација.

Според обвинеието Митрев ги довел во заблуда пациентите дека со овие методи нуди алтернативен начин за лекување од ковид, што нема врска со вистината.

Митрев ги негираше обвинувањата, а денеска преку соопштение од клиниката порачаа дека очекуваат јавен и транспарентен процес.

-Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката.

Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално.

Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен.

За време на Ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите.

Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.

Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување.

Се ова ќе го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна, напиашаа на официјалниот сајт, од клиниката Жан Митрев.