Александра Пановска- Илиевска ја паметиме како водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител, а откако ја роди нејзината ќерка Сара, таа смени фреквенција.
По породилното отсуство, Александра стана дел од екипата на Канал 5 телевизија, тоест водител на Утринската програма заедно со Јелена Роберт, Вера, Милена..
– Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена.
Дали навистина постои вистинско време… Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.
Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.
Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.
Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.
Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план“, кажала Александра за рингераја на тема семејство.
-Враќањето на работа по долго породилно отстуство во комбинација на старт на пандемија беше предизвик само по себе.
За разлика од било кога времето во кое јас бев бремена беше различно во секој сегмент, а најмногу од здраствен но се совлада и тој предизвик како и патот на бременоста. Сè мина во најдобар ред, а времето летна.
Благодарение на мојата колешка Милена од Канал 5 добив информација дека ќе го прошируваат тимот на Утринска и ќе се прави целосно нов концепт.
А, по разговор со Иван С. Мирчевски добив понуда и договор кој значеше старт на едно ново поглавје во мојот живот и враќање на работа во време кога Сара има само 8,5 месеци“, раскажала Александра за Женски магазин.
Кога ќе погледнам назад, тежината ми е олеснета. Мојата мајка ми е огромна поддршка и без нејзината потпора не би била денес таму каде што сум“, открива водителката.
Како и на секоја мајка која по породилното отсуство се враќа на работа, и на Александра не ѝ лесно да ја остава Сара додека таа работи, и вели дека пред да му се врати на Тв ангажманот, долго се мислела, и си поставувала многу прашања.
-Да, чуствувам грижа на совест и ми провејува мислата дали ја оставив многу рано, дали може згрешив но на овие прашања ќе одговори времето, а се надевам бар до сега одлуката мислам дека е исправна.
Бидејќи кога ќе се вратам дома таа е среќна во прегратка и игра со баба и дедо, а јас исполнета“, додава младата мајка и го фали својот нов тим.
-Во Канал 5 е одлично, тимот амбиентот и работниот предизвик. Имам супер колеги и одговорни, одлична нова патека на која мислам дека успехот е загарантиран, секако со многу посветеност и тимска работа“, вели Александра.
Таа е една од оние жени која е секогаш средена и стокмена, но го сака и природниот изглед, а таква една слика има објавено на Инста, и на неа е речиси непрепознатлива.
Алекдсандра со гордост покажа како изгледа без ич шминка,и на Инста позираше со своја пријателка и напиша: Широка насмевка, лежерна облека и без шминка“.