Ивона Талевска, познатата македонската ноинарка која ја знаеме како уредник во Вечер, претседател на Македонската асоцијација на новинари МАН, и долги години ТВ лице од Сител, не го открива многу приватниот живот.
Една од ретките приватни слики кои Талевска ги има објавено на Инстаграм е онаа со нејзината мајка, која новинарката детално ја опиша во оваа слика. До фотографијата од мајка ѝ на која е и таа, Ивона напишала:
– Една е мајка. Знае што е ембед код и како да го примени, знае што е стори, фотошоп го владее до лејери, одбива копи пејст и филтери на инстаграм и се грози од ботокс наспроти годините.
Таа има 70 години, и секој ден ме испраќа со јадење за на работа и секоја вечер ми ѕвони во точно време – ќе одиш да вежбаш?
Пешачи околу 7 километри дневно и ме напнува – работиш премногу, стави мидер ако не се движиш“.
Во ноември во 2020 година, овој свет го напушти Љубисав Иванов- Ѕинго, македонски стопанственик, спортски работник и политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, основач на ТВ Сител.
По неговата загуба, Ивона Талевска, со овие зборови се прости од него:
– Збогум Ѕинго, ќе ни недостасуваш на сите. Тешко е во кус текст наменет за јавност да се напише последен поздрав за близок човек, учител на своите блиски и соработниците, легенда во бизнисот, политиката и спортот кој зад себе остава трага подлабока и подолга од било кој современ лик во македонскиот бизнис и политиката.
Едноставно, со заминувањето на Ѕинго запира една ера, едно време, една култура и етика која градеше, создаваше, вработуваше, формираше современа држава,
бранеше национален интерес во секоја прилика, и која знаеше зошто е тука, и знаеше времето подарени од животот да го помине во постојано создавање.
Благодариме Ѕинго за сето тоа. Некои од нас, кои со децении соработуваа со тебе, учеа и примаа од тие стандарди и етика, останаа со децении заедно со тебе.
Имаше причина за тоа, бевме со човек кој не научи на упорност, постојана работа и почитување на својот и туѓиот живот. Збогум Ѕинго, многумина сакаа да бидат како тебе.
Малкумина останаа кои имаат време и талент да се доближат на твојата легенда“, напиша Талевска мкоја објави слика со Ѕинго.
Талевска на Инстаграм е помалку активна, а објавува фотографии кога има значајни поводи, убави и помалку убави. Кога овој свет го напушти музичарот и водител Драган Вучиќ, таа го испрати со зборовите:
– Загубивме голем човек, шоумен, музичар, но пред се колега и другар, кој успеа од себе да изгради поголем бренд од медиумите за кој творел.
Редок човек, еден од најхаризматичните личности во медиумите и ретко вреден професионалец кој никогаш не се жалел. Поч ивај во мир пријателе. Сочуство до Весна и Мартин“, напиша Талевска.
Ивона Талевска, по долго време се појави на телевизија, но тоа не е ТВ Сител. Познатата новинарка беше на фреквенцијата на ТВ Канал 5 со посебен повод.
Талевска беше дел од екипата на отворената програма на Канал 5, во која познати личности се јавувале на телефонските броеви на кои вртеа граѓаните, како доница за помош на граѓаните на Турција и на Сирија.
Прво Јелена Спенџарска објавила снимка од екипата која ја подготвува оваа програма а на неа е и Ивона, а потоа Спенџарска го шернала сторито на Талевска каде што таа е сликана со целата екипа: Јелена, Александар, Роберт.
Ивона, во разговорот со колешката Александар Илиевска беше претстравена како претседател на МАН, но и како ководител и копомагател на оваа хуманитарна акција.