Naslovna Zivot Има повеќе следачи и од Лила- оваа личност е македонскиот шампион на...

Има повеќе следачи и од Лила- оваа личност е македонскиот шампион на Инстаграм, а ги знае сите тајни на познатите

Инстаграмот стана одличен бизнис на инфуелнсерите кои велат дека добро заработуваат од него, а се знае кои се едни од најпознатите инфлуенсери во Македонија.

Тоа се Миа Костова, Марjана Станојковска, Антониа Гиговска, и секако Лила Фиоповска, но и Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара Тодевска…

На 12.12.2022 се одржа четвртата по ред манифестација U&Z Influencer Awards, на која беа наградени нови, но и веќе добро познати инфуенсери од нашата земја.

Оваа манифестацција ја организита Убавина и здравје, а се одржала во Ederra Rooftop, а и секој од 18-те победници, заминал дома со пакет-производи.

Проектот UIZ Influenser Awards има цел да ја истакне инфлуенсерската заедница како и луѓето кои позитивно влијаат на нашите животи преку својата личност, знаење и експертиза и секако содржина што ја креираат и споделуваат на своите инстаграм-профили.

Во 2022 година, како и минатата година, добитниците биле поделени во две групи: Инфлуенсери со потврдено влијание #InfluencerStars

И инфлуенсери кои допрва ќе се наметнат во заедницата, #InfluenserNewStars

Инфлуенсерите во групата New Stars се пријавија на повикот на „Убавина и здравје“ во девет категории и се потрудија да се истакнат со креативни објави во кампањата.

Секој од нив има различно занимање, интерес и талент. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи.

Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници.

Покрај новите ѕвезди, беа одбрани и девет најдобри веќе влијателни и етаблирани инфлунесери.

За нив гласаше жири-комисија составена од реакцијата на „Убавина и здравје“ и покровителите на изборот.

На крај, наградата во категорија Lifestyle, поддржана од ја заслужи познатата водителка Лила Филиповска, објави овој портал минатата година.

Но, има еден машки лик кој има најмногу следачи на Инстаграм кај нас, а тој ги знае сите тајни на познатите личности, затоа што со нив успешно соработува долги години.

На пример, тој ги шминка Антониа Гиговска и Елена Ристеска, и многу други секако, а станува збор за Даниел Николовски, нашиот познат стилист.

Тој на Инста има 257 илјади следачи, а во својата нова објава раскажа дека речиси никогаш не споделува спонозорирани постови.

– Знаете дека ретко ,скоро па никогаш не ви се обраќам преку спонзорирани реклами и препораки на моите социјални медиуми , но овој пат имам само една топла препорака до сите вис кои сакате промена кај себе и начинот на живот.

Пред неколку месеци сосема случајно jа запознав @ka3inity која денеска важи за една од по омилените луѓе во моето секојдновнето опкружување.

Најтопло ви ја препорачувам на сите вас кои сакате да видите сериозна промена на вашето тело и здравје.

Нема да должам повеќе само сакам јавно да и се заблагодарам на Кате што ме трпи и кога никој друг не би“, објавил Даниел Николовски.