Naslovna Zivot Игор добива љубовни совети откако раскинаа со Илина- немаш 85 години, летни...

Игор добива љубовни совети откако раскинаа со Илина- немаш 85 години, летни до УСА…

– На вакви места и се доаѓа токму затоа. Да бидеш сам. Колку што е можно“, рекол Игор Џамбазов во своето поново интервју за Слободен печат, за селото Стрезовце каде што е во последниов период.

-Но, само за неколку дена се запознав со многу нови ликови од овие краишта, Куманово е на 15 минути, па одам до Бањата, до градот, да се пазари нешто, банки-манки.

Плус, кој сака од моите блиски доаѓа на еднодневна екскурзија или на продолжен викенд.

Брвнарата е планирана за до 10 души, така што има место, и конечно да ти одговорам на прашањето…не, не ми е здодевно.

Јас веќе со години си го планирам денот уште од вчера, затоа што сакам да направам што повеќе работи, и можам да ти кажам дека агендата ми е понабиена и од онаа на премиерот, хехехе“, кажал Џамбазов и додал:

-Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов“.

Повеќе пати, Игор Џамбазов има изјавено како се запознал со Илина Арсова, познатата планинарка и уметник и оти, за време на карантинот, таа го поканила да остане кај неа во Дојран.

-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и ѝ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.

Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг, сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот.

Знаеш, на мои години, јас тоа подоцна го сфатив, ама среќен сум што барем го сфатив, дека сепак парите не се најбитни.

Јас видов во животот дека можам да ги заработам, и тоа многу повеќе отколку шо е вообичаено за ова наше поднебје, но веќе престана таа моја трка по пари – раскажа Џамбазов во Бекстејџ. „Како е тоа возможно? Дали некому му успеало?

Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“, му рекол Џамбазов на Жаре во една прилика кога гостувал во Еден на еден и ја испеал новата песна.

„Таа сака, да ја сакам помалку. Таа само сака да сум ја сакал помалку“, се дел од стиховите на оваа песна.

Игор ќе раскаже и за тоа дека оваа година, која сите по лошо ќе ја паметат, за него била најубава, и оти верува во судбина, која му ја пратила Илина.

Исто така, Џамбазов раскажа дека се плаши да ја гледа Илина како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани.

Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓ аше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди.

Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов на крајот од 2020 година.

Игор на Инстаграм ставил едне пост од брвнарата во која сега претстојува, во селото Стрезовце, а таму пукнало сонце, а тој на овој пост напишал:

– Добар ден, ви пожелува персоналот на брвнара Младеновски. И откако јавно кажа дека со Илина Арсова не се вече заедно, љубовни совети почнаа да му даваат и оние кои го следат на Инстаграм

– Игор, мислим, немаш 85, еее па ај летни до УСА, по малку љубов, госпон глумец“, стои во еден од коментарите до оваа објава.