Naslovna Zivot Гавазова ли е ова- ептен различна, ни деколте ни краток фустан, а...

Гавазова ли е ова- ептен различна, ни деколте ни краток фустан, а изгледа „боли глава“

Сузана Гавазова која важи за една од најпознатите македонски пејачки откако постојано има настапи кај нас и во дијапората, но има периоди кога решава да се одмори.

Тоа Гавазова го прави со сопругот и малечките наследнички кои секогаш и го разубавуваат секојдневнието и и го полнат срцето како ништо друго на светот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Веќе добро познато е за Гавазова и нејзиниото семејство дека по шест години живот во Шведска, се вратија во Македонија.

Јасмин во една прилика сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.

Наскоро, Сузана, Јасмин и ќерките ќе уживаат во својата нова куќа и многу се среќни. Причината е новата вила што тој и Гавазова ја градат, а според сликите кои ги објави, избрале прекрасна локација.

„Нов проект“, напиша мажот на Гавазова до сликите од вилата која почнува да се гради, а глетката е милион долари, целото Дојранско езеро на дланка!

Јасмин потоа објави слика од вилата која се гради, и се гледа дека е голема, на два спрата.

Тој под неа едноставно напиша: Тајно место! Уште од сега се гледа дека Сузана и тој со ќерките ќе уживаат во палата.

На својата нова слика, тоест на новото видео Инста стори, Сузана е ептен згодна, а нема ни деколте, ни краток фустан, не е онаа Сузе којашто сме научиле да ја гледаме.

Ама шминката си го прави своето, па Сузана изгледа одлично, како да е излезена од некоја модна писта и позира ептен профи, како вистински модел.