Naslovna Zivot Еве какво тело има Касандра на речиси 50 години- ова е причината...

Еве какво тело има Касандра на речиси 50 години- ова е причината што веќе не глуми

Касандра е Венецуелска ТВ новела. Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек.

Оваа ТВ новела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави.

Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128).

Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.

Тв новелата Касандра ќе остане запаметена по историски најголемата гледаност кај нас и популарноста што ја уживаше во Македонија.

Дури и Градскиот стадион во Скопје беше претесен да ги прими сите кои во живо сакаа да ги видат актерите од култната серија.

Кораима Торес на нашите простори е најпозната по улогата на Касандра, а од тогаш актерката не се промени многу.

Планетарно популарна актерка Кораима Торес (49) се прослави со улогата на Касандра, која овде се прикажуваше во деведесеттите и буквално сите ја гледаа.

Актерката на својот Инстаграм профил го покажува својот семеен начин на живот, но често ја воодушевува публиката со своите фотографии и селфи од теретана.

Кораима овој пат објави видео во кое позира без шминка, а многумина се изненадени што актерката на прагот на шестата деценија изгледа младешки, а евидентно е дека не подлегнала на влијанието и направила естетски корекции.

„Уште си убава“, „Честитки за изгледот“, „Прекрасно и природно, честитки“, „Ништо не си сменила од улогата на Касандра“, се само дел од коментарите за нејзиниот изглед.

Актерката инаку е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм каде има 340.000 следбеници и секогаш со задоволство одговара на пораките и коментарите од фановите.

Ако го погледнете профилот на актерката, ќе видите дека таа често објавува фотографии од теретана и од плажа, на кои се гледа нејзината прекрасна фигура.

На прагот на својата шеста деценија, мора да се признае дека Кораима изгледа совршено. Нејзините издлабени стомачни мускули се во преден план на секоја фотографија после тренинг што ја објавува.

Иако улогата на Касандра ѝ донесе глобална популарност, Кораима и по таа серија беше многу активна на деловниот план. Таа продолжи да снима серии со полна пареа, но и се посвети на семејниот живот.

Таа стана мајка во 1994 година, а со сопругот Николас Монтеро го има синот Ману. Двојката се венча во 1996 година и живее во Богота, објави Стил.курир.рс, и тоа е причината што таа веќе не глуми, поточно послабо.