Агнеса пред некое време гостуваше во естрадниот магазин Бекстејџ и замина на вечера со новинарот од оваа екипа. Во интервјуто, таа зборуваше за тоа како жените треба да се однесуваат кога се на вечера со маж.
-Кај спротивниот пол, значи многу ми е битно како седи, како се понаша со мене, бидејќи јас стварно си имам барања и очекувања, така сум воспитана од домашните. Со маж седам вторпат, ако знам дека кога ќе ми е празна чашата, ќе ми ја наполни.
Кај нас дома се забранети вулгарни зборови, пц ости, може некој ќе каже дека лажам, ама едноставно кај нас, тоа е забранета тема. Значи, во ниеден случај, не се споменува.
Сепак се трудам, моите родители што ме имаат воспитано да го пренесам тоа и на мооите две ќерки, и мислам дека сум успешна во тоа и умешна“, рече Агнеса, а потоа новинарот ја праша:
-Постои ли некое омилено бон тон правило што го практикува кога е на вечера?
-Кога сум на вечера да. Да им пренесам на девојките, посебно на младите, гледам, сакаат да станат дами, ташната значи никогаш не се остава на маса. И сега, на ваква убава храна, ти да ставиш ташна на маса, значи не е во ред.
Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја.
Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса.
-Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.
И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања не.
Потоа зборуваше за тоа дали ѝ пречат некои работи кај жените во однесувањето на излегување.
– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.
Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки.
-Да, ми смета. Се знае тренерки каде се носат, парк, Водно, на патување кога одиш, да се чувствуваш комотно, еве ќе речеме – ќе го спомнам последниот ИНВЕНТ на кој што бев поканета, на „Винедонија“.
Значи јас бев облечена во фустан, елегантен, нормален, и кога влегов девојките стварно беа шокирани како јас сум се облекла.
Едноставно треба да знаете на такви инвенти како треба да делува една дама, а не да си во обични панталони и кошула. Јас сум секогаш искрена и мислам дека тоа се гледа“, рече Агнеса.
Ова интервју на Агнеса беше едно од највлијателните, особено ги погоди многу жени и девојки, па за ова интервју Агнеса доби позитивни, но и негативни критики.
Во последното интервју на Бекстејџ, кое излезе вчера, Агнеса и водителот зборуваа за претходното интервју, но и за тоа каква домаќинка е Агнеса.
За оние што не веруваа дека Агнеса готви, со ова видео таа покажа дека е умешна и во кујната. Водителот го започна интервјуто со бон тонот од претходно интервју, а Агнеса рече:
-Многу ми се допадна тоа со бон тон што го кажа. Многу девојки го преферираат тоа, а оттогаш се ставив на строг режим на исхрана, ослабев 15 кг.
Почнав да вежбам, направив неколку соработки и сега сум задоволна, среќна сум, рече Агнеса која очигледно си го средила животот после разводот.
На прашањето како се снаоѓа во кујна и што сака да готви, откри:
-Готвам секој ден, значи скоро секој ден. Готвам сѐ, од македонска храна, дури суши, тоа е тоа, рече Агнеса, а потоа водителот на Бекстејџ ѝ рече на Агнеса да му зготви една салата по нејзин избор.
„Може зошто да не,“ рече Агнеса, а после на видеото можеше да се види како сечка домати и моцарела, па ја декорираше чинијата и направи Капрезе салата и му ја послужи на водителот.
„Мислам дека 3-4 минути ми требаше да ја направам. И моја е исто најомилена салата. Не дека јас сум ја направила ама стварно е убава,“ рече Агнеса.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.