Вики Клинчарова е една од најпознатите македонски новинарки. Со години наназад работи во неделникот и порталот „Фокус“.
Во еден свој статус на Фејсбук, постави прашање кое се однесува на работењето на македонското судство и раскажа една своја интересна приказна:
– По повеќе од една година од пож-арот во тетовската модуларна болница, наместо до сега да беше поднаполнет зат-ворот со одговорни за тра-гедијата, судењето уште не може да почне!
Па се сеќавам на еден случај, пред повеќе години, кога добив покана да сведочам во скопскиот суд за една драма помеѓу две јавни личности, за кои своевремено објавив текст во Вест.
Покана за рочиште ми стига околу пет години откако објавив за настанот. Значи луѓето пет години се влечкале по судници, во меѓувреме и весникот се затвори.
Дојдов во судница, ми поставуваат прашања за настанот, истиот објавен, дури и на насловна страница, со изјави од двете страни.
-Ете, читајте што сум напишала, му викам на судијата. Како што си изјавиле, така сме објавиле. Кај може јас за нечија драма од пред пет години да ви памтам ситни детали?
Ами дневно се случува и по четири – пет слични текстови да има, кај ми е крај ако со години си складирам во меморија разно-разни податоци за јавни скан-дали и перипетии?
Видоа не сум им многу од корист, па ајде сведокот нека си оди. И традиционално, не можев да си држам уста затворена, па пред врата им викам – За друг пат вака да не ви денгубат и сведоци и вие, убрзајте си ги малку случаите.
Тра-гикомично е бре по пет години од настан уште да се судите. Пред еден месец не знам веќе што било, а не па пред години детално кој, што и како кажал.
Поминаа години од тогаш. Мрдна ли нашето судство барем за милиметар напред?
Оваа земја нема никогаш да ја биде!“, напиша новинарката Вики Клинчарова на Фејсбук.
Кличарова пак, во една прилика се присети на на Трајко Каров, познатиот музичар од Каварадци, кој свиреше во мнкгу групи, а му беше брат на Бубо Каров.
Клинчарова неговото заминување го спореди со една случка на натпреварот Ватворд- Челзи.
„Во 15 минута од првото полувреме беше прекинат натпреварот од Премиер лигата помеѓу екипите на Ватфорд и Челси.
Еден од навивачите на стадионот „Викариџ роуд“ во Ватфорд доживеал срц ев удар и веднаш на стадионот пристигнала итна помош.
Лекарите се борат да го спасат животот на тој човек, а поради таа причина е и во прекин натпреварот“, напиша во тој момент „Слободен печат“.
-Моментално, на натпреварот Ватфорд- Челзи, навивач во публика има инф-аркт, се прекинува утакмица додека не дојде вест дека човекот е во стабилна состојба.
Илјадници во публика мирно стојат, по добрата вест аплаудираат.
Па ми текна на еден концерт кај нас, за Свети Трифун, кога тапанарот почи-на, а концертот си продолжи како ништо да не било.
Тоа е таа разлика помеѓу нормален и не многу нормален свет…’, напишала новинарката Кличарова на нејзиниот Фејсбук профил, а потоа пријатели во коментари ја прашале за што станува збор и на кој настан мисли.
– Е како така? Колегите продолжиле да свират кога им поч-инал тапанарот? Баш ме интересира кој бенд бил“, прашала пејачката на фолк музика Јасмина Гуњова, на што Клинчарова и одговара:
Повеќе музичари настапуваа, Трајко Каров е тапанарот, пред околу десет години се случи, а на друга коментар таа реплицираше: Музичарите си свиреа, публиката си пееше“.
Пријатели на новинарката се присетија дека тоа се случило на 15 февруари пред 12 години и дека Трајко, познатиот тапанар му беше брат на Бубо Каров.
Потоа, пријател на новинарката кој е од Кавадарци, потсети дека станува збор за групата „Автограм“ и дека бендот сепак си го завршил настапот.
-Ама бендот си го заврши настапот. Кога се поклонуваат пред публиката Трајко добива мозочен удар и паѓа… После десетина минути..”забавата” продолжува.. Одраз на македонскиот менталитет….“.
Во својот нов статус, таа се опишува каква чичност е, и кажа една своја приказна: Уште како девојче, кр в кога ми капеше од срцето, насмеана ќе кажев дека тоа, од кармин сум се извалкала.
И тоа е се што треба да знаете за мене, уште пред да помислите да се закачите со мене, било кога, за било што. Добар ви ден, луѓе…“, стои во статусот на Клинчарова.