Naslovna Zivot Со посебен повод, слави во овој убав европски град- Оливера од „Срце...

Со посебен повод, слави во овој убав европски град- Оливера од „Срце на дланка“, има за частење (ФОТО)

Она што Оливера Петрушевска го прикажува во „Срце на дланка“, тие приказни на луѓето на кои им помагаат со нејзината екипа, додека се среќава со разни човечки судбини, таа вели дека ги голта солзите и се доплакува дома.

Тоа што има честиригодишен син и осумгодишна ќерка, уште повеќе ѝ помага целосно да се внесе во проектот кој со љубов го работи.

Оваа млада жена е светол пример дека кога се сака, сè се може, а нејзината емпатија кон тажните судбини, мотивирачки делува на многу луѓе кои се подготвени да помогнат.

Оливера за „Женски магазин“ раскажала што се случува зад камерите на „Срце на дланка“, но за и многу нејзини, лични нешта.

-Отсекогаш сум била емпатична и жал остива кон туѓите судбини. Кога ќе сум видела некоја тажна сторија на вести или на интернет со денови не сум можела да спијам.

Никогаш не претпоставував дека некогаш ќе водам проект со кој ќе ги менувам на подобро човечките животи. Конкурирав со еден забавен проект, испратив пилот емисија во Алфа ТВ.

Во моментот кога требаше да добијам одговор дали проектот е одобрен или не, програмскиот уредник на Алфа ТВ ми рече:

“Во моментов за такво нешто не сме заинтересирани, но, со директорот би сакале да водиш наша емисија која наскоро ќе почне, дојди утре да ти објасниме.

Не ни претпоставував каков проект е, но ми создаде милион мисли таа вечер. Едвај чекав да се раздени и да отидам на закажаниот состанок. Ми објаснија, и во тој момент само си реков.

Од мене се бара многу, нема да биде лесно, но, јас сум подготвена за овој предизвик и ќе ги направам луѓето среќни. Се запознав со тимот со кој веќе дишеме ко едно.

-Отсекогаш сум имала вишок емпатија во себе. Паметам од дете не сум сакала да гледам тажни луѓе. Па, на жената што чистеше скали во зградата ќе и соберев мои алишта за да им однесе на ќерките.

Низ годините наназад донирав облека на заг розени семејства. Се случило и тазе купен сендвич на куче скитник да му го дадам, само да не е гладно.

Се чувствував пресреќна после секој мој хуман гест. Поголема за двапати од претходно. Горда. Но, не ни претпоставував дека некогаш таа моја хумана страна некој ќе ја препознае и ќе ме повика да водам ваков социјален проект.

Мислам дека претпоставените не згрешија, а, јас нема ги разочарам“, рекла Оливера во ова интервју. Минатиот месец, граѓаните беа изреволтирани од Тале од Велес, за кого се испостави дека можеби не е толку сиромашен како што се преставуваше.

Јутјуберот Стефан Лазаров специјално отиде во куќата на Тале во Велес и рече дека лично со него ќе направи интервју.

Лазаров го поздрави Тале кога се сретна со него и му ги упати следните зборови:

-Јас дојдов добронамерно, новинарски. Нели секогаш е убаво да ја чуеме и другата страна. Ти вчера ми кажа дека ништо од ова не е како што изгледа и јас дојдов да си направиме ферски муабет, може да седнеме да си направиме муабет, му рече Лазаров.

Во Велес, во куќата на Тале, Лазаров ја затекна и сопругата на Тале која и самата се огласи.

„Со кое право вие барате пари со изма ма од луѓето? Зошто ги користите децата како жив ѕид? Гледаме дека твојата сопруга е сепак тука.

Дали сметаш дека оваа ситуација е изм ама, како прво си здрав и прав. Фала му на Господ и никогаш да не осетиш мака на тоа поле. Дали тоа значи дека ти можеш да работиш и да заработуваш пари?

Дали со својата жена ти живееш моментално заедно и дали си живеел во октомври?“ – го праша Лазаров, на што Тале ја започна својата приказна:

-Моментално да, во октомври не. Од септември, па до крајот на декември, горе-доле, не беше мојата сопруга тука. Ги посетуваше децата одвреме, навреме, на два до три дена“, изјавил Тале.

По се ова што се случи минатиот месец, кога во јавноста се појавија информации дека се собирале донации за човек кој можеби ма нипулирал, се огласија од проектот „Срце на дланка“, кои исто така беа прозивани:

„Почитувани, Овие неколку дена не реагиравме на провокациите кои беа упатени кон емисијата и последниот случај кој беше емитуван. Нашиот став позади кој стоиме и ќе продолжиме на ист начин со хуманоста во проектот “Срце на Дланка”.

„Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик.

Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, несреќа или порок останале без ништо.

За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста.

Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност“, изјавија тогаш од оваа ТВ екипа.

Оливера објави слики како ужива во еден од најубавите европски градоив, Будимешта, со својот син, и имаат убав пвоод за славење и за частење.

-Моето плавооко момче наполни 4. Ти посакувам најубави и најслатки насмевки, како онаа што ми ја покажа кога излезе од мене. Те сакам Иан.

Среќен роденден“, напишала до сликите од Будимпешта Оливера.